Бивши телохранители ги изнесуваат тајните на познатите личности

Поранешните телохранители на ѕвездите отворено проговорија за некои од нивните најмрачни тајниЏони Деп

Пред разводот со актерката Ванеса Парадис поранешниот телохранител на Џони Деп откри дека тие двајцата со своите деца минувале повеќе време во некое скриена просторија под земјата во Холивуд, отколку во Франција како што наведуваа светските медиуми.

-Потроши вистинско богатство на сигурносни системи и на камери за кои никој освен тој не знае. Не сака да го гледаат како позната личност, па затоа купувањето на продукти и слично го прават телохранителите, а тој само избира што му се допаѓа. Не сака внимание – изјави поранешниот телохранител на Дип.

Пинк

-Таа обожава да меша пијалаци и е една од најлудите „party“ девојки. После пијанствата често знае да заспие на улица, по тоалети, па дури и на столица среде журка – вели телохранителот на Пинк.

Џенифер Анистон

– Џенифер е многу слободна кога е во прашање нејзиното голо тело. Наутро отвора врата во долна облека, па дури и топлес. Никогаш не се покрива, а со време се навикнавме на тоа. Тоа е таа, едноставно полугола. Толку пати сум ја видел, што можам да ви ги набројам сите бемки на нејзиното тело – изјави телохранителот на актерката.

Џулија Робертс

– Џулија е тотален хипик, со денови не се капе. Сака да штеди вода бидејќи е вистински борец за екологијата, а исто така го сака својот природен мирис. Нејзиниот сопруг Дени е ист како неа, па се совршен пар кој ужива во избегнувањето на кадата.

Парис Хилтон

Богатата наследничка е клептоман според зборовите на нејзиниот телохранител.
– На една забава едни чевли многу и се допаднаа, па ме натера да ги земам. Крадеше се што не е прицврстено за ѕид или под – вели нејзиниот телохранител.
Линдзи Лохан

-Чувањето на Линдзи е вистински кошмар. Секоја ноќ се молев да не се убие за време на мојата смена. Имаше вистинска смртна желба, а во себе внесуваше огромна количина на алкохол и дрога. Тоа не сум го видел никогаш во животот.

Другиот телохранител за актерката изјави: Најнечистата личност на светот, која во рок од 10 минути хотелската соба ја претвора во свињарник.
Бритни Спирс

Кога нејзиниот татко најмил поранешен член на израелската војска Мосад, ни самиот не очекувал што ќе го снајде со поп ѕвездата.
-Година дена живееше само на мисирка и ред бул. Потоа сексуално ме напаѓаше, шеташе гола и се допираше пред мене, инсистирајќи да имаме односи. Кога ќе ја одбиев се префрлаше на дрога.

- Реклама -