За посреќна недела: Забавни мисли на Оскар Вајлд

За попријатна и насмеана недела ќе ве запознаеме со неколку осторумни и инспиративни мисли на Оскар Вајлд – неверојатен писател, еден од најбрилијантните умови на своето време  и со несомнено чувство за хумор.

Да ѕирнеме во светот на овој голем уметник кој што покрај огромниот талент е отфрлен од лондонското високото општество, поради  бунтовничкото однесување.

„Работохолизмот е бегството на луѓето, кои што немаат што друго да прават”.

„Не сакам да одам во рајот. Никој од моите пријатели не е таму.”

 

„На овој свет има само две трагедии: едната е да не го добиеме она што го сакаме. Другата е да го добиеме.”

„Жените треба да бидат љубени, не сфатени.”

 

„Секој може да е чувствителен со страдањата на пријателот, но потребна е многу добра душа, за да  сочувствува и со успесите.”

„Има само една работа на светот полоша од тоа да зборуваат за тебе и тоа е да не зборуваат за тебе.”

„Во денешно време луѓето ја знаат цената на сè, но не ја знаат вредноста на ништо.”

„Мажот секогаш сака да биде првата љубов на жената, а жената сака да биде последниот роман на мажот“.

„Секогаш проштавајте им на непријателите – за нив нема ништо поиритирачко од тоа.”

„За да ми се врати младоста, би направил сè на светот, освен да спортувам, да станувам рано или да бидам чесен.”

- Реклама -