Инсталиравте Facebook Messenger? Ве очекуваат неколку незгодни изненадувања

Facebook Messenger изгледа како фин начин за чување на вашите приватни разговори на едно место. Но, постои многу добра причина што Фејсбук го разви во засебна апликација.

Нивниот изговор е дека засебните апликации им се технички полесни за развивање и одржување. Делумно, тоа е вистина, но од друга страна, во договорот за користење кој никој не го чита има еден куп скриени услови на кои автоматски се согласувате штом ја инсталирате апликацијата.

facebook-messenger-apk[1]

Huffington Post ѕирна малку подлабоко во листата и откри прилично незгодни нешта, на кои корисниците несвесно се согласуваат. Еве дел од нив:

  • Апликацијата има ваша дозвола да го промени статусот на мрежното поврзување
  • Апликацијата има дозвола да повикува телефонски броеви без ваша интервенција, што може да доведе до неочекувани трошоци и повици. Дополнително, еден куп злонамерни апликации можат да ја искористат за да телефонираат без ваша дозвола, но на ваша сметка.
  • Истото важи и за смс пораките. Уште една шанса за дополнители трошоци.
  • Апликацијата има дозвола да снима звук преку микрофонот, во било кој момент, без ваша дозвола (затоа што веќе ја има).
  • Апликацијата има дозвола да слика и снима со видео камерата, во било кој момент, без ваше знаење.
  • Апликацијата има целосен увид во вашата листа на разговори, вклучувајќи ги и појдовните и дојдовните повици.
  • Апликацијата има увид во сите податоци за вашите контакти/пријатели за кои имате внесено информација во меморијата на уредот. Може да види со кого најчесто комуницирате, било преку разговори, и-мејл или други начини користејќи го мобилниот уред.
  • Може да ги прочита вашите лични податоци од вашиот профил. Може да ве идентификува и да ги испрати вашите податоци на други.
  • Има пристап до техничките подесувања на уредот. Ова и овозможува да стигне до вашиот телефонскиот број и до идентификациониот број на уредот.

texting

Кој профитира?

Милијарди луѓе користат Фејсбук на своите мобилни уреди, што всушност е златен рудник за огласувачите и компаниите. Нив им се потребни вашите лични информации, за да можат да ви ги пласираат токму оние реклами што би ве заинтересирале и би ве натерале да потрошите пари на нешто што можеби и не сте го планирале. На кратко, апликацијата е бесплатна, но доаѓа со куп скриени трошоци.

Чаре?

Имате две опции. Едната е да ја избришете апликацијата и да ја користите мобилната верзија на Фејсбук. Другата, и подобра, е да не користите Фејсбук, особено на телефонот.

- Реклама -