Легендата на Аргентина, Диего Марадона ја критикуваше светската куќа на фудбалот за драстичната казна што му беше изречена на Луис Суарез.За инцидентот во кој напаѓачот го гризна дефанзивецот на Италија, Џорџо Киелни, ФИФА го казни Луис Суарез со девет натпревари суспензија за репрезентацијата на Уругвај. Светската куќа на фудбалот исто така на играчот му даде забрана од инволвираност во сите фудбалски активности во следните четири месеци. Уругвајците се бесни на ваквата драстична казна, а во поддршка на Луис Суарез застана и Диего Марадона.
Легендата на Аргентина во ТВ шоута De Zurda запраша дали Луис Суарез убил некого. „Казната е срамна” – рече Марадона кој носеше маичка со написот ’Luisito Estamos Con Vos’ што во превод значи ’Луис ние сме со тебе’. „Не го разбирам ова. Уби ли некого Суарез за да добие ваква казна?”. „Можеби ФИФА треба да го испрати во Гвантанамо?” Во меѓувреме, медиумите од Англија пренесуваат дека Ливерпул веќе крои планови да ја обжали одлуката на ФИФА. Адвокатите на клубот денеска во Барселона ќе имаат средба со адвокатот и агентот на Луис Суарез.
Текстот е објавен во соработка со 24fudbal.com.mk