Вибрациите на мачјото предење во домот се со размер од 20 до 40 херци, што делува терапевтски за бројни болести.Многу се говори за благодетите од животите, а предењето на мачката е едно од водечките методи за лечење, кое овие прекрасни животни го применуваат на своите сопственици.
Свесни за прекрасните ефекти кои мачките ги имаат на луѓето, вработените во асоцијацијата „Animal Care” од Пакистан, направија корисен водич со информации, со чија што помош ќе ги дознаете предностите на овој феномен.
Го намалува стресот
Вибрациите кои се создаваат за време на предењето делуваат седативно на нервниот систем и така не смируваат.
Дијагностика на предењето
Во светот лекарите стануваат се повеќе свесни за моќта на мачките. Имено, по низа истражувања лекарите дошле до заклучок дека предењето се разликува во моментот на уживање и моментот на предупредување на човекот на одредена болест. Исто така, постои студија за видовите на предење кои се поинакви во зависнот од болестите.
Намалување на крвниот притисок
Крвниот притисок исто е нешто кое што може да се регулира со предењето на мачките. Не велиме дека може да се користи наместо лекови, но сигурни сме дека добро ќе влијае на вас.
Ги зајакнува коските
Според зборовите на светските ортопеди, фрекфенцијата од 25 – 200 Hz, која што ја произведуваат мачките во текот на предењето, е најдобра за зајакнување на коските.
Го намалува ризикот од инфаркт
Според последните истражувања на кардиолозите, сопствениците на мачки имаат за 40 пати помал ризик да доживеат инфаркт.
Ги намалува отокот и инфекциите
Експертите исто тврдат дека силната вибрација која ја произведуваат мачките влијае на забрзување на циркулацијата, што допринесува за намалување на отокот и елиминирање на инфекциите во организмот.
За крај едно видео: