Во страшна сообраќајна несреќа, на патот од Скопје кон Тетово загинаа 13 лица откако се преврте патнички автобус и излета кај селото Ласкарци.
Како што изјави министерот за здравство Венко Филипче, извлекувањето на настраданите е завршено, а хоспитализирани се триесетина пациенти.
Меѓу повредените нема деца, повредена е една трудница, а сите се на возраст над 25 години, соопшти министерот Филипче.
Несреќата се случи околу 17 часот, а кога во автобусот на компанијата „Дурмо турс“ се возеле 50 патници. Автобусот сообраќал на релација Скопје-Гостивар.