13 „изуми“ што требало да ги забранат уште во фабрика

Во предновогодишниот период, кога веќе сите почнуваат да размислуваат и да купуваат подароци, се осмелуваат да се рекламираат и тие што можеби преку цела година се криеле под дрво и камен од срам од своите продукти и изуми. Но ете, некои од овие продукти очигледно дека подобро ќе било некој целосно да ги забрани и никогаш да не ја напуштат производната лента. До толку се глупи.

1. iPhone кино за еден. За да можеш да гледаш филм додека одиш по улица. Филм и ништо друго.

 

2. Боксерици/гаќи за раце. Поента not found.

3. Паста за заби со вкус на кисели краставички и сланина. Океј, кисели краставички се закон. Сланина е закон. Ама човек обично мие заби за да не мириса на сланина, на пример, а не обратно.

4. Штикли со чадорчиња… Што е поентата да носиш стилски чевли по дожд ако го немаат баш тоа основното – стилот?

5. Бебе-кукла што можеш да ја бричиш… Ко демек да постои бебе што можеш да го бричиш.

6. Елек што се активира секогаш кога некој ќе ти стави „лајк“ на Фејсбук. Предизвикува сензација на тоа да си гушнат. Веројатно најтажниот елек на светот.

7. Електронски ремен за твоето куче, што ќе се преправа дека ти твита кучешки ствари во име на твоето куче… Звучи идеален за кога немаш куче.

8. Aко не сте по ремени што се преправаат дека се кучиња, еве ви нешто уште подобро: домашен миленик – usb камен. Го вклучувате во usb порт и апсолутно ништо не се случува. Или пак, зависно од како гледате, се случува апсолутен зен.

9. Зошто да експериментираш со својата коса кога можеш да пробаш на мачката? Ама искрено, ова е смешно. Еве овој „изум“ не мора да го забрануваат.

10. Денешните бабите знаат што е интернет и почитуваат интернет приватност. И, како што може да се види на сликата, плетат и соодветни џемпери.

11. Галач за домашни миленици. Главниот слоган на кутијата гласи „НИКОГАШ НЕ ГИ ДОПИРАЈ СВОИТЕ МИЛЕНИЦИ ПОВТОРНО!“. Се гледа дека овој и сличниве изуми погоре ги смислил некој што ептен сака животни.

12. Кршач за јајце. За шмизли што прв пат кршат јајце зашто им ги дале внуките на чување, изгледа.

13. И за крај, класиката. Видена е сто пати, ама хеј, ако можат Фервекс да рекламираат по стопати, може и ова. Ова барем се справува со вистинскиот проблем.

- Реклама -