13 интересни факти за Перу, земјата на Инките

Перу, историската империја на Инките, земјата која има богато минато, и скапоцено културно наследство, е секогаш одлична идеја за посета. Во продолжение прочитајте неколку интересни факти за оваа магична држава:

1. Во Перу растат повеќе од 55 видови на пченка, која можете да ја најдете во речиси сите бои, вклучувајќи ја жолтата, виолетовата, белата и црната.

Peruvian_corn

2. Компирот оригинално потекнува од Перу, и постојат повеќе од 3000 различни видови. Гордите Перуанци често ја користат фразата „Soy mas Peruano que la papa” – што во превод би значело „Јас сум поголем Перуанец отколку компирот“.

3. Перу е шеста земја по ред во светот по производство на злато, 8 -от најголем производител на кафе, и 5-ти најголем производител на Арабика грав.

4. Националниот Универзитет Сан Маркос е најстар универзитет во Америка, а датира од 12 мај 1551 година.

5. Перу е втора земја во светот по бројот на шамани, веднаш зад Индија.

Qero-Shaman

6. Кањонот Котахуанси во регионот Арекипа се смета за еден од најдлабоките кањони во светот со 3535 метри длабочина, што е за два пати повеќе од Големиот Кањон во САД.

7. Две третини од Перу е покриено со Амазонските дождовни шуми.

8. Перу има 1625 видови на орхидеи од кои 425 можат да се најдат како растат природно во близината на Мачу Пикчу.

the-machu-picchu-ruins-and-gardens-nunoa

9. Езерото Титикака кое се наоѓа во јужниот дел на Перу, е највисокото забележано пловно езеро во светот и воедно најголемо во цела Јужна Америка.

10. Постојат околу 90 различни микро-клими во Перу.

11. Перу е дом на највисоката песочна дина во светот. Серо Бланко, брои 1176 метри од основата кон врвот.

Photo Jul 15, 2013, 8-48 AM

12.  Во античкиот период во Перу производството на пиво се сметало за исклучително благороднички занает. Ретката можност да се занимаваат со тоа ја имале само жените со благородничко потекло или оние кои биле многу убави.

13. Дел од традицијата на Перу, е на вашите најблиски пријатели или семејството да им подарите жолти гаќи за Новогодишната ноќ.

- Реклама -