Немаше потреба да помине многу време за младиот Струмичанец, Трајче Ѓорѓиев, да го освои жирито на реалното шоу „Пинк ѕвезда“. Доволно беше да поминат само неколку секунди пеејќи го воведниот дел на песната „When I was your man“ од Бруно Марс, за тие буквално да полудат по него.
„Трајче што е ова сонце мое? Одлично се снаоѓа, ме остави без зборови“, извика Јелена Томашевиќ.
„Досега немавме никој кој на англиски пее како на мајчин јазик. Добивме уште еден фаворит“, додаде пејачката Гоца Тржан, додека Милан кој прв го притисна своето копче на столицата од возбуда изјави дека бил на работ да пушти солзи.
Уживајте во прекрасната изведба на Трајче, и посакајте му среќа за понатаму.