13 години болка: На денешен ден почина Маги од ЕКВ

На денешен ден пред точно 13 години, на Инфективната клиника во Белград, почина Маргарита Стефановиќ – Маги, заборавена од сите оние кои се восхитуваа на нејзиниот музички талент и оние кои и „глумеа“ пријатели. 

magiiiiii

Така, на еден бескрајно тажен начин заврши едно животно патување исполнето со успеси, љубов и самоуништување.
Како ќерка на Славољуб Раваси Стефановиќ и Десанка Николиќ, Маги како да беше предодредена да стане уметник. Како талентирана пијанистка и се нудело шанса да оди на консерваториумот „Чајковски“ во Москва. Долго се двоумела. Во овој период се запознава со Милан Младеновиќ и нејзините планови комплетно се менуваат. Останува во Белград и во 1982 година станува член на беднот Катарина Втора кој две години подоцна го менува името во Екатерина Велика.
Покрај Милан Младеновиќ, Маги е најкреативниот член на бендот, кој за многумина е најзначајниот во историјата на музиката на овие простори.

Во нејзиниот роден град нема спомен плоча на зградата во која живеела, камо ли па улица по нејзино име.

- Реклама -