Македонците ја откриваат вистината за првата брачна ноќ

Дали е првата брачна ноќ во годината навистина толку важна?

Со оглед на тоа што бројни статистики покажуваат дека помеѓу 25 и 55 проценти од паровите не успеваат да имаат секс на првата брачна ноќ, магазинот „Huffington Post“ направи анкета што всушност прават брачните двојки, па не инспирира и ние да прочепкаме во интимата на брачните двојки на нашиов простор за  да видиме што се случува после нашата голема, целодневна, традиционална, МАКЕДОНСКА свадба.

Слушнете како им поминала вечерта на новопечените парови во земјава:

 

„Мртви уморни“

„ Нашата свадба беше најубава на цел свет. Сите играа, сите беа весели уште „по невеста“. На крајот на вечерта во 1 часот по полноќ заминавме во собата која што ни ја обезбеди хотелот, легнавме во брачниот кревет и се погледнавме со истата мисла „Сепак, ќе го чекаме утрото“. Па и не е толку страшно“, Наташа, Скопје.

„Пијан и млад“

„ Не сум многу горд, но на мојата свадба бев камен пијан. Среќа се држев додека беа гостите се уште во салата, а кога влеговме во собата се започна да станува хорор. Ја фатив невестата во рацете, за да влеземе внатре како во Холивудски филм и ја треснав толку силно на земја што се извадив од памет. Можеби среќната околност беше што имаше 50 партали  во фустанот. Остатокот од вечерта го поминав над WC шолјата“, Марко Велес.

Љубопитни

„Има еден виц дека младите на првата брачна ноќ, бројат пари, но ние навистина го правевме тоа. Бевме живи среќни. Размислувавме во што да инвестиравме, гледавме кој колку ни дал, се смеевме и заспавме. Утредента имавме најлуд секс во животот со парите околу нас“, Ана Скопје.

„Добра ноќ“

„Нашата свадба навистина помина чудно. Немавме многу гости, па цело време игравме, за да ја кренеме атмосферата. На крајот легнавме да спиеме и си посакавме добра ноќ“, Никола, Куманово.

Див секс

„Се беше совршено, свадбата, гостите, музиката, венчаницата, ние… Ги правевме сите обичаи и бевме полни со енергија. Кога влеговме во собата започнавме да се шегуваме многу на сметка на се, па почнавме да се расправаме брутално. Потоа тој ми ги стегна рацете и го имавме најлудиот секс во животот“, Билјана, Скопје.

- Реклама -