Очигледно полека, но сигурно бразилската депилација се симнува од пијадесталот, а на нејзино место се појавува побујна интимна фризура.
За оние кои не се упатени во овие називи, Бразилската подразбира целосно отстранување на влакната од интимниот женски дел. За разлика од тоа, новата подразбира мазни усни, додека другото си останува природно.
За овој тренд најпрво дозна една репортерка од „NY Mag“, која истиот го сподели со јавноста, па и прошири на тој начин.
Нејзината козметичарка ја известила за овој тренд, кој наводно го бараат се повеќе девојки.
„Бразилката со холивудски усни,“ како што е наречена оваа фризура, веќе започна да се шири низ цела Европа.