Што да јадете кога хормоните лудуваат?

Во предменструалниот период поголем број жени се неподносливи. Хормоните нè тресат и предизвикуваат постојани промени на расположението, а за постојаното чувство на глад подобро и да не споменуваме.

Слични симптоми ги следат жените и за време на менопауза. Нутриционистите советуваат што е добро да се консумира во тие периоди и како преку храната да се избориме со хормоните и да ги ублажимесимтомите.
Газираните пијалоци, алкохолот и слатките се производи чија употреба треба да ја сведете на минимум во сите овие фази.

ПМС: Грав и грашок

Во оваа фаза телото бара повеќе од 200 дополнителни калории, па поради тоа многу почесто доаѓа до напади на глад. Неколку дена пред менструалниот циклус одбегнувајте шеќер, слатки и кафе за да ги избегнете честите промени на расположението. Јадете јаглехидрати како кафеав ориз, овесни снегулки и производи од интегрално брашно. тие може да го намалат чувството на умор и да го регулираат нивото на шеќер во крвта.

Ако сакате да го залажете гладот, кој е понагласен во периодот пред почетокот на циклусот, добро би било при рака да имате зрнести ужинки, како: сончоглед, семки од тиква, кикирики и индиски ореви. Оваа храна е богата со магнезиум и помага при отекувањето и честите промени во расположението. Сепак, внимавајте: ако внесувате премногу храна богата со калциум, ќе биде блокирана апсорпцијата на магнезиум во телото, а магнезиумот е потребен за да го пренесе калциумот до коските.

Прочитајте и:  Како постепено да се „симнете“ од шеќер? 9 трикови кои ќе ви помогнат да го намалите ризикот од многу болести

ОВУЛАЦИЈА: Риба и ореви

За време на овулацијата жените имаат најмал напад на глад бидејќи зголеменото ниво на естроген во крвта го намалува тоа чувство. Ако сакате да забремените, а шансите за тоа се најголеми во овој преиод, јадете намирници богати со омега 3-масни киселини, како што се скуша, харинга или лосос. Во исхраната додајте и намирници кои содржат здрави масти, како ореви или семки од тиква.

Од храната што ја јадете најмногу киселост предизвикува месото и млечните производи и производите со рафиниран шеќер. Затоа, не претерувајте со нив. Овошјето и зеленчукот ја намалуваат киселоста. Вистинска мерка е 80 отсто базни продукти и 20 отсто кисели во текот на денот.

МЕНОПАУЗА: Млеко и црно вино

Повеќето жени во менопауза имаат малку калциум, а тоа е главната причина за остеопороза.
Нутриционистите препорачуваат жените што влегуваат во менопауза да внесуваат повеќе мешункаст зеленчук токму поради составот.

Мешункастиот зеленчук содржи многу калциум, калиум, железо и многу витамини кои ја спречуваат можноста за кршење на коските.

Освен овие благотворни супстанции, мешунките содржат и сапонин, супстанција која е докажано дека спречува размножување на клетките на туморот. Исто така, овие намирници содржат и супстанции кои го чистат целиот организам од токсини.

Во менопаузата треба дневно да се консумира по една чаша црно вино. Коските ги чуваат и намирниците богати со витамин К, како што се спанаќот, кељот, зелката, карфиолот и брокулата.

- Реклама -