Французинката Јованка Луиза Калман е жената која во историјата ќе остане запаметена како една од најпознатите долговечни личности во светот, бидејќи живеела 122 години и 164 дена.
Таа е родена во 1875 година, а починала во 1997 година и целиот свој живот го поминала во градот Арл.
Освен што била жив сведок на бројни историски настани, таа ќе остане запаметена и по еден проклето добар пакт со нејзиниот адвокат.
Госпоѓа Калман во 1965 година, кога имала 90 години, потпишала договор со својот адвокат Андре Френсис Рафреј.
Според договорот, адвокатот и плаќал по 2.500 франци месечно, со тоа што се спогодиле по нејзината смрт тој да го добие станот на старицата, бидејќи таа немала наследник.
Адвокатот во 1965 година имал 47 години и ја извршувал строго својата обврска.
Но, тој сигурно не претпоставил дека Калман може да живее подолго од него! Во 1997 година адвокатот починал, а до оваа година тој и исплатил околу 180.000 долари, што е два пати повеќе од вредноста на станот.
По смртта на Рафреј, неговата сопруга продолжила да ја плаќа месечната претплата на госпоѓа Калман.
Јованка, која била пушачка и неделно јадела барем по кило чоколадо, а на 100 години возела велосипед, ги надживеала и нејзината ќерка и внука и била запишана во Гинисовата книга на рекорди како најстариот човек на светот.