Домашен сладолед од само една состојка

Познато е дека бананата е особено вкусно и здраво овошје, но, би се изненадиле кога би знаеле дека овој сладок природен десерт може на „магичен“ начин да го претворите во сладолед. Како? Многу едноставно!

Бананата крие една необична тајна која ретко кој ја знае, и која не можете да ја „искористите“ речиси со ниту едно друго овошје. Имено, кога таа ќе се замрзне и испасира, лесно се претвора во мус.

banana-sladoled

Се што треба да направите е во најлонска фолија да замотате неколку помали излупени банани и да ги ставите во замрзнувач. Откако ќе ги извадите од фрижидерот,  исечкајте ги на кругови. Парчињата ставете ги во блендер и мешајте се додека не се добие еднолична кремаста смеса.

Послужете ги како сладолед и декорирајте по избор. Парчиња јаготки, мед, цимет, ореви и други јаткасти плодови се добредојден додаток.

Совет: При внесувањето на бананите во блендерот, можете да додадете и 2 до 3 лажици млеко или јогурт, за да добиете уште покремаста смеса. Исто така, со мала доза на креативност, можете да направите разни варијанти на овој едноставен, но превкусен сладолед.

Пример:

006bef11135db92d92ca43e4d8569647_header

- Реклама -