12 најмистериозни локации (втор дел)

Повеќе... И покрај различните теории и шпекулации и ден денес не е со сигурност познато како исчезнале цели цивилизации или како еден човек успеал да направи колосален замок во чест на неговата изгубена љубов.

И покрај различните теории и шпекулации и ден денес не е со сигурност
познато како исчезнале цели цивилизации или како еден човек успеал да
направи колосален замок во чест на неговата изгубена љубов.

Коралниот замок – Споменик на изгубената љубов
coral-castle.jpg

Како еден човек висок само метро и шеесет и тежок околу 50-тина килограми можел да изгради ваква комплицирана камена градина од корали тешки и по неколку тона? Коралниот замок, кој се наоѓа во Homestead, Флорида е споменик на изгубената љубов на летонскиот емигрант Ед Лидшкалнин. Тој почнал да го гради замокот во 1923 година откако го напуштила неговата свршеница во Летонија само неколку дена пред нивната венчавка, и го посветил целиот свој живот во неговото завршување. Изградбата продолжила дури и после неговата смрт во 1951 година. Експертите се збунети пред прашањето,како Лидшкалнин, кој  четиригодишно образование, можел потполно сам да го изгради Коралниот замок. Еден од нив тврди дека дури ни Алберт Ајнштајн не би можел да го конструира замокот. Повеќе…

Големите урнатини во Зимбабве
great-zimbabwe-ruins.jpg

Малкумина се оние кои знаат дека оваа денес современата африканска држава го добила своето име – Зимбабве, според големите камени остатоци од населби кои сведочат за животот на нивните 18.000 жители. Ова се едни од најстарите и најголемите структури лоцирани во Јужна Африка. Се протегаат на површина од 7км2 и нивната изградба без употреба на малтер  датира од 11 век. Никој не знае зошто оваа локација била напуштена.

Мачу Пикчу
macchu-picchu.jpg

Мачу Пикчу е најдобро зачуваниот град од времето на Инките, скриен во висорамнина на Перуанските Анди – локација која поради својата местоположба останала незабележана од Шпанските конквистадори. Бил заборавен со векови од страна на светот и повторно откриен од археологот Хирам Бингам во 1911 година. Современите истражувачи сугерираат дека овој град бил создаден како свет планински дом на големиот управник на Инките – Пачакутек и функционирал се до 1532 година, кога Шпанците ја нападнале империјата на Инките. Во 1532 година целото негово население тајно исчезнало. Според стандардите на Инките, Мачу Пикчу е релативно мал град, неговите камени блокови толку се набиени што помеѓу нив не може да се провлече сечило од нож.

Chavín de Huantar во Перу
chavin-de-huantar-ruins.jpg

Иако не е толку позната како Мачу Пикчу, Chavín de Huantar е фасцинантна локација, дел од  Светското културно наследство. Се состои од остатоци на главниот град и артефакти кои и припаѓале на Chavín, културата пред Инките, а датира од околу 900 година п.н.е. Chavín de Huantar бил во времето на својот процут град-собиралиште за околното население кое доаѓало тука да тргува и средиште на религиозниот живот. Не се знае со сигурност зошто исчезнала Chavín културата, иако некои веруваат дека остатоците на Chavín de Huantar можат да понудат одговори за исчезнувањето и на други цивилизации. Некои од теориите се концентрираат на тоа дека се работи за природни непогоди како земјотреси, додека според други причините можеби лежат во меѓусебните војни со другите цивилизации во тој регион.

Велигденски остров
easter-island-1.jpg

Велигденскиот остров, познат уште како Rapa Nui или Isla de Pascuaе, е Полинезиски остров во југоисточниот Пацифик, познат по своите монументални статуи наречени моаи кои биле создадени од Рапанујците. Статуите, биле дел од култот кон предците на староседелците на островот и биле поставувани околу 1250 и 1500 год. п.н.е. Најтешката од моаи скулптурите тежи 86 тони, што ни илустрира каков подвиг за Рапанујците било нивното создавање и поставување. Речиси половина од преостанатите моаи се наоѓаат сè уште на Rano Raraku, главното седиште на скулптурите, но стотици други се пренесени на камени платформи во периметарот на осторвот.

Стоунхенџ
stonehenge.jpg

Стоунхенџ е најпознатиот мегалитен споменик во светот со дијаметар од 100 метри. Денешните останки на Стоунхенџ се само камени, но не во целост бидејќи или биле затрупени или биле срушени во текот низ историјата. Целата градба нема своја единствена структура, туку таа е променлива. Сè уште не е познато кои се неговите градители ниту за која цел бил подигнат. И покрај теориите, како таа дека Стоунхенџ бил храм на друидите или шпекулациите дека бил изграден од страна на римјаните (овие две теории владееле се до 20 век, кога се открило дека градбата постоела или била изградена пред околу 2000 години, пред доаѓањето на друидите и римјаните на овие простори, па денес се смета дека бил изграден пред 5000 години) и до ден денес вистинската намена на овој праисториски споменик е една од најголемите мистерии.

- Реклама -