Со оглед на тоа што луѓето често имаат проблеми со сонот во најтоплиот дел од годината, сопствениците на една британска фирма за производство на кревети спроведоа интересна анкета. Врз основа на резултатите, тие востановија 12 начини кои ќе ви помогнат да ги преспиете спарните летни ноќи. Бонус: ниту еден од овие трикови не подразбира имање клима-уред, а уште помалку купување на нов кревет.
ПУШТЕТЕ ГО ВОЗДУХОТ ДА СТРУИ
Поставете го вентилаторот наспроти прозорот, а потоа затворете го окното и направете вештачка промаја. Ова направете го непосредно пред да легнете да спиете.
КОРИСТЕТЕ ТЕНКИ ЧАРШАВИ
Користете го памучниот чаршав како покривач. Памукот и ленот се материјали кои и овозможуваат на кожата да диши.
СТУДЕНА ПЕРНИЦА
Големата и мека перница што обично ја користите, заменете ја со некоја помала и поцврста. Раскошните меки перници само ја впиваат топлината од главата.
НЕКА ВИ Е УДОБНО
Ако спиете облечени, нека биде тоа лесна, памучна маица, по можност на прерамки и барем еден број поголема од вашиот конфекциски број.
МОКРА КОСА
Она што во зима е строго забрането, преку летото може да ви помогне. Чувството на влага на главата ќе ве разлади доволно за да потонете во сон, а заради жештината, косата брзо ќе се исуши.
ЛАДЕН ТЕРМОФОР
Наполнете термофор или пластично шише со ледено студена вода, ставете го покрај себе, па прекријте се со тенок чаршав.
ЛАДНИ НОЗЕ
Пред да одите на спиење, потопете ги стапалата во леген со студена вода. Акупунктурните точки на стапалата се поврзани со внатрешните органи, па на овој начин ќе го разладите организмот одвнатре.
ПРОМАЈА
Пред отворениот прозор поставете голем мокар чаршав. Во собата ќе влегува свеж и постуден воздух.
ЕГИПЕТСКА НОЌНИЦА
Обвиткајте се со влажен чаршав и направете тн. „египетска спаваќа“. Легендата вели дека на тој начин древните Египјани излегувале на крај со пустинските горештини.
СТРАТЕГИЈА НА ХРАНА
Никако не се прејадувајте пред спиење. Тоа ќе го успори вашиот метаболизам, а тоа значи дека телото дополнително ќе ви се загрее. Ако сте гладни, изедете мал оброк.
ПОНИСКО = ПОДОБРО
Спијте на што пониско ниво, па дури и поставете го душекот на подот. Што пониско, толку ќе ви биде постудено.
СЛАМАРИЦИ и ЛЕЖАЛКА ЗА ПЛАЖА
Подлогите од трска не се најмеките, ама секако се постудени и овозможуваат проток на воздух. Подметнете сламарици и лежалки за плажа под постелнината.