Повеќе од 40 лингвисти од земјава и од светот ќе учествуваат на 12. Меѓународна македонско-полска научна конференција која денеска и утре ја организира Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје, а ќе се одржи во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.