Фотографија од Сирија што говори сè

Оваа фотографија е направена во  палестински кварт во Дамаск, кој е под опсада на сириската армија од јули 2013 година. Тука од глад умреле најмалку 55 лица, а голем дел од децата страдаат од неисхранетост, тврдат палестинските активисти.

Во моментов под опсадата во регионот се 20 000 лица, додека областа постојано се бомбардира.

Оваа фотографија е објавена од United Nations Relief Workers Agency и покажува огромна редица од луѓе кои чекаат раздавање на храна од единицата на ОН.

Според Ројтерс сирискиот режим и во помал степен одделни бунтовнички групи, кои се борат против него, ги блокираат  храната  и медицинска помош.

Фотографијата го стресе  светот, бидејќи покажува до која мера луѓето во регионот гладуваат и им е потребна помош.

Прочитајте и:  Зимбабве ќе убие 200 слона за да ги нахрани граѓаните

- Реклама -