Ручајте во птичјо гнездо и уживајте во спектакуларна глетка на океанот

Овој уникатен ресторан во Тајланд ќе ве пречека со сепареа дизајнирани како птичји гнезда. Ресторанот се наоѓа во склоп на Soneva Kirl Eco ресортот. Секое „гнездо“ е конструирано на височина од околу 5 метра, некои од нив под сенка, а некои намерно изложени на сончевите зраци.

Birdhouse-Tree-Pod-Restaurant-1

Можете да јадете и пиете додека уживате во удобниот амбиент и спектакуларниот поглед на плажата, а ако случајно ви притреба келнерот, тој ќе „долета“ од соседните гнезда за неполна минута, со насмевка и кабел закачен околу појасот (zip-line).

Birdhouse-Tree-Pod-Restaurant-3

Не заборавајте да го допишете ова прекрасно ресторанче во листата на места што морате да ги посетите, бидејќи секој обид да се долови доживувањето преку зборови е само една голема неправда.

Birdhouse-Tree-Pod-Restaurant-2 Birdhouse-Tree-Pod-Restaurant-4 Birdhouse-Tree-Pod-Restaurant-5 Birdhouse-Tree-Pod-Restaurant-6

 

Бонус видео:

- Реклама -