Имате ли претстава: Што ќе се случи ако зовриете Кока Кола?

Веројатно секој обид за упропастување на вашата Кока Кола веднаш добива забрана за пристап до листата на нешта кои би ги направиле. Сепак, некој бил доволно љубопитен да види што ќе се случи со Кока Колата ако зоврие, па тоа и го направил.

Сепак, не е голема работа. Иако личи на катран, смесата не е ништо поразлично од она што ќе го добиете кога ќе ја одземете водата (преку вриење) од било кој сируп што содржи шеќер и слични адитиви, и не е ништо поштетна од Кока Кола-та што ја конзумирате во оригиналната форма. Всушсност, ако сте доволно храбри ова да го пробате, можеби ќе стане вашиот омилен рецепт за Кока Кола џем, или Кока Кола сос.

 

За секој случај, имаме предлог што да направите со добиеното:

Исчистете го тврдоглавото тенџере што не сака да биде измиено. Добро познато е дека Кока Колата лесно разградува еден куп материи, а зовриената ќе го „светне“ вашето тенџере како да е ново.

Направете пијалок против настинка. Ставете ѓумбир и околу 0.33л Кока Кола во сад. Загрејте ја содржината до точката на вриење, а потоа оставете да се вари уште неколку минути. Ако го конзумирате топол, пијалокот ќе ги ублажи симптомите на настинка.

- Реклама -