Иако на прв поглед ќе помислите дека ова е книга, ако се загледате подобро ќе го промените мислењето.
Не, ова не се книги, барем не оние класичните. Станува збор за клупи во Истанбул. Се наоѓаат насекаде по градот, во парковите, на улиците, автобуските станици… Секоја од нив е инспирирана од турските писатели во 18 век, а на насловната се испишани највпечатливите страни од нивните дела. Овие книги-клупи се поставени насекаде низ градот, со цел да ја промовираат класиката и би ги инспирирале луѓето да читаат, пишуваат и учат.
Многу креативно, зар не?