Она што не го знаете доколку никогаш не сте биле на CES, е тоа дека има многу глупости. За секој 4К телевизор и супер нов гаџет, има стотици производи кои веројатно никогаш нема да ја видат светлината на денот. Еве некои работи од овогодинешната конвенција кои ќе го задржат вашето внимание.
Sharp 85” 8K TV
Голема прашина се крена околу 4К телевизорите (кои, патем, се одлични!), но Sharp ја пушти оваа прекрасна „бомба“ за фанатиците. Овој 8К телевизор е фантастичен. Ниедна фотографија нема да го прикаже вистински, за жал. Може да се доближите на само еден инч од екранот, и сѐ уште да не ви се верува дека гледате во слика.
Teenage Engineering OD-11 Cloud Speaker
Веројатно никогаш не сте купиле електроника врз основа на далечинскиот управувач. Дефинитивно не би купиле телевизор кој не ги задоволува вашите потреби, но има фантастичен далечински управувач. OD-11 Cloud Speaker може да го промени тоа. Покрај тоа што е одличен начин да ги раководи вашите Spotify плејлисти, овој OD-11 доаѓа со најкул далечинскиот управувач кој некогаш сте го виделе. Магнетното копче е безжично, па можете да го оставите каде сакате и да ги контролирате песните, волуменот и сл.
Audi R-18 E-Tron Quattro
Втора година по ред, Audi поставува најоткачена кабина на СЕЅ. Врвот на џиновскиот бел, футуристички простор е R-18 E-Тron Quattro. Првиот делумно електричeн Ауди тркачки автомобил е, едноставно, уметнично дело. Двете години работа се целосно оправдани за ова ремек дело.
Samsung 110-Inch Ultra High Definition 4K TV
Еден од најзборувани предмети на овогодинешното шоу беше ова „чудовиште“ од телевизор на Самсунг. Со четити пати повеќе пиксели од целосен HD, 4К резолуцијата е импресивна во живо. Звучниците вградени во рамката се одличен момент.
Ferrari на Logic3 Headphones
СЕЅ е гласен. Не гласен како некој хеви-метал концерт, туку гласен како да има гнездо со пчели закачено до вашите уши. Слушате континуирано зуење на описи на производи, заводливи кабини и суптилно-бучни електроники цело време додека сте таму. Ништо не ја занемарува оваа бучава така добро како овие Ферари слушалки. Покрај тоа што изгледаат супер (што друго може да очекувате од италијанскиот производител на автомобили?), овие слушалки произведуваат прекрасен звук.
Stick N Find
Овие се далеку повозбудливи од цел куп шарени копчиња! Малите налепници stick-n-find имаат опција за Bluetooth и ви помагаат да ги најдете работите кои секојдневно ги губите. Ставете едно копче на клучевите, на далечинскиот управувач, на кучето, и никогаш повеќе нема да ги изгубите. Со 100-метарски опсег, копчињата се неверојатно корисни за низ дома!
Outdoor Technology Armadillo Speaker
Ова што ви изгледа како некој предмет од sci-fi филм од 80-тите, е всушност Bluetooth звучник кој проиизведува фантастичен звук. Во продавниците ќе се појави подоцна годинава, а се работи за еден од ретките Bluetooth звучници кои не ја следат истата формула која ја претсави Jawbone.
Sony Xperia Z
Новиот Сони има способност да биде потопен во вода на длабочина од 3 метри околу 30 минути, и сѐ уште да функционира. Не само тоа, ако се извалка, слободно може да го измиете под мијалникот. Има убав 5” HD дисплеј и 1.5Ghz процесор. Сега конечно можете да си проверите Фејсбук под туш.
Pebble Watch
Од сите гаџети на СЕЅ, можеби најпопуларен беше Pebble часовникот. Конечно низ продавниците на 23 јануари, E-Рaper часовникот се очекува со нетрпение. Со Pebble можете да преземате апликации и добивате нотификации за сѐ, од меил до Фејсбук пораки.
Aedle VK-1 Headphones
Овие слушалки изгледаат прекрасно. Одлично се снаоѓаат со тешки басови, врискачки вокали, и сѐ останато.
Behringer iNuke Boom
Можеби iNuke Boom не е баш во вашиот финансиски опсег, но способноста да сноси 10.000 волти е навистина примамлива. Тежи околу 300 килограми, па ќе треба да му најдете место во домот. И да не го мрднете никогаш.