Светската здравствена организација (СЗО, aka. WHO) соопшти дека 11 отсто од лековите во земјите во развој се фалсификувани, но веројатно и одговорни за смрт на десетици илјади деца, од болести како маларија и воспаление на белите дробови.
Ова е првиот обид на СЗО да се позанимава со проблемот.
Спореведени се 100 истражувања на повеќе од 48.000 лекови во земјите во развој. Резултатите покажале дека речиси 65% од лековите против маларија и другите бактериски инфекции се фалсификувани. Експертите од СЗО проценуваат дека по лечење со овие лекови, од воспаление на белите дробови починале меѓу 72.000 и 169.000 деца.
Ова со лажните лекови е „само мал дел од нерешените проблеми“, велат од СЗО.