„Меѓународниот ден на жените и девојките во науката” 11 февруари и оваа година УНЕСКО и UN-Women го одбележуваат во соработка со институциите и партнерите од граѓанското општество кои имаат за цел да ги промовираат жените и девојките во областа на науката. Овој ден е уште една можност да се промовира целосен и еднаков пристап и учество во науката, технологијата и математиката за жените и девојките. Родовата еднаквост е глобален приоритет за УНЕСКО, а поддршката на младите девојки, нивното образование и нивната целосна способност да ги слушнат своите идеи се основи за развој и мир.
Овој ден е воспоставен на 22 декември 2015 година со одлука на Генералното собрание на ОН да почне да се одбележува годишен Меѓународен ден за признавање на критичната улога на жените и девојките во науката и технологијата, преку Резолуцијата A/RES/70/212.
Овогодинешната прослава се фокусира на затворање на родовиот јаз во науката. Справувањето со некои од најголемите предизвици на Агендата за одржлив развој како што е подобрување на здравјето, борбата против климатските промени, ќе се потпира на искористување на сите таленти, вклучително на талентот на младите девојки и жени научници кои се повеќе работат на овие полиња. Овие талентирани истражувачи носат нови и свежи перспективи, талент и креативност. Овој ден е потсетник дека жените и девојките играат клучна улога во научната и технолошката заедница и дека нивното учество треба да се зајакне.
Фактите и бројките покажуваат дека иако областите во науката, технологијата, инженерство и математика (STEM) се сметаат за клучни за националните економии, досега повеќето земји, без разлика на нивното ниво на развој, не постигнале родова еднаквост. Само 33,3 отсто е глобалниот просечен процент на жени истражувачи, додека околу 35 отсто од сите студенти во областите на техничките и математички студии се жени. Ако се гледа уделот на жени истражувачи речиси во сите земји преовладуваат силни родови стереотипи и многу девојки сè уште се помалку охрабрени да делуваат во областите на науката, технологијата, математиката и инженерството и имаат ограничен избор за нивното образование и развој на кариерата. Дури и земји кои постигнале родова еднаквост, жените истражувачите сè уште се соочуваат со многу предизвици и бариери во сите аспекти на општеството. Во последните години само 22 жени добиле Нобелова награда во научна дисциплина.
На овој Меѓународен ден на жените и девојките во науката, пораката која се испраќа е дека на жените им треба наука, а на науката и се потребни жени. Само со искористување на сите извори на знаење, сите извори на таленти, можеме да го отклучиме целосниот потенцијал на науката и да се соочиме со предизвиците на нашето време.