Куќата „10x10x10“, дело на „123DV Architecture & Consult“ е сместена во „Островот на коцките“ – предградие на Утрехт, централна Холандија.
Идејата зад куќата е да се креира максимум пространо просторно искуство, во едноставна форма на коцка.
Куќата е составена од 3 ката, а секој од нив е поделен на тесни, долги зони од 2.5 x 9.5 метри и широки зони од 6.5 x 9.5 метри. Ова резултира со извонредна ефикасност и убавина: интимен простор за бања и отмени соби за спиење и дневен престој.
Таванот помеѓу широките и тесните зони е всушност сончев кров, што овозможува сончевата светлина да продре длабоко во куќата. Исто така, овозможува 10-метарски поглед кон небото, кога влегувате во дневната соба.