10 начини на користење на алуминиумска фолија кои не сте ги знаеле

Секоја жена има алуминиумска фолија во фиока во кујната.

Таа е дел од секое домаќинство, бидејќи може да се користи на многу начини. Тука се издвоени некои од најдобрите начини на користење на оваа многу корисна фолија.

1. Омекнете го кафеавиот шеќер така што ќе го завиткате во алуминиумска фолија. Стевете го во рерната да стои пет минути на 150 степени. Шеќерот ќе се врати во својата оригинална состојба и можете да го користите за кафе или за вашите омилени колачи.

2. За да ги зачувате лебот, пецивото или штрудлата свежи до доаѓањето на вашите гости, по печењето завиткајте ги во алуминиумска фолија.

3. Вратете го сјајот на вашиот омилен сребрен прибор: покријте го дното на еден сад со алуминиумска фолија, истурете малку вода и додадете две лажици сол. Ставете го сребрениот прибор во мешавината и почекајте три минути. Извадете го и почекајте да се исуши и дадете му сјај користејќи памучна крпа.

4. Направете „топка“ од алуминиумска фолија и тријте ги тенџерињата, тавите и скарата со неа.

Прочитајте и:  Зимата и затворениот прoстор значат поголема опасност од мувла

5. Исчистете го вашиот накит на следниот начин: покријте го дното на еден сад со алуминиумска фолија и додадете детергент за перење на алишта. После тоа само измијте го накитот и исушете го. Вашиот накит ќе биде како нов.

6. Направете го вашето пеглање на алишта полесно, покривајќи ја масата за пеглање со алуминиумска фолија. Потоа ставете крпа над фолијата. На овој начин ќе пеглате на двете страни одеднаш и ќе заштедите драгоцено време.

7. Исчистете ја пеглата покривајќи ја со алуминиумска фолија за само неколку минути.

8. Свиткајте ја фолијата неколку пати и исечете ја со ножици. На овој начин ќе ги изострите убаво ножиците.

9. За да ги заштите растенијата од инсекти, ставете парчиња алуминиумска фолија меѓу нив.

10. Десетиот начин можете да го пополните вие со вашето искуство во користењето на неверојатно корисната алуминиумска фолија. 😉 Споделете и пишете во коментар.

- Реклама -