107 нови случаи на Ковид-19, еден починат пациент

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 107 нови случаи на Ковид-19 во земјава, дознава Алсат.

Според податоците, најголем број заболени се од Куманово (44), потоа следува Скопје (28), Прилеп (11), Битола (6), Тетово (5), Велес (4), Гостивар (2), Дебар (2), Струга (1), Кавадарци (1), Штип (1).

Со ова вкупниот број на дијагностицирани случаи во државава достигна 1.081 лица.

Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во: Скопје – 367, Куманово – 306
Дебар – 51, Штип – 32, Прилеп –100, Тетово – 48, Струга – 50, Велес – 40, Битола –15, Охрид –7
Кавадарци – 4, Гостивар –12, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка- 4, Радовиш – 4, Крушево – 3
Кочани – 26, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино – 2.

Во однос на состојбата на хоспитализираните лица, осумнаесет пациенти се со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка, а пет пациенти се на механичка вентилација.

Во однос на починати лица, изминатото деноноќие утврден е еден смртен случај. Се работи за пациент од Струга.

Вкупниот број на починати лица кај кои е дијагностициран вирусот Ковид-19 достигна 46 лица.

- Реклама -