Падна и првиот снег, па успеа да не инспирира утрово за вас да ја направиме оваа фотографија.
Последниот лист кој останал на дрвото ја симболизира упорноста, храброста, но и осаменоста… Тој е сведоштво за времето кое поминало пречекувајќи го новото кое пристигнува.
Последниот лист како во некој заталкан времеплов не потсетува дека времето минува, но со секој период од животот останува нешто кое сведочи за неговото постоење, макар и тоа бил споменот…