10 бенефиции од спална соба без телевизор

Имањето телевизор во спалната соба стана нешто задолжително. Убаво е да гледате нешто пред да заспиете. Но, со комфорот доаѓаат и некои маани. Дали сте размислиле за отстранување на телевизорот од спалната? Тоа може да ви донесе повеќе здравје.

Еве 10 причини зошто треба што побрзо да се отарасите од телевизорот од собата во која спиете

1. Ќе спиете поубаво

Ќе се загледате некоја серија или филм и ќе останете будни до доцна. Наутро тешко ќе станете за на работа и цел ден ќе се прозевате. За да не ви се случи ова сценарио, отстранете го телевизорот и ќе се наспиете доволно.

happy_woman

2. Добар пример за децата

Како да им кажете на децата да не остануваат доцна гледајќи телевизор ако вие го правите тоа?

3. Повеќе време за разговор

Преку ден има многу поважни работи што треба да ги направите отколку да седнете и да разговарате со партнерот. Наместо да гледате ТВ, разговарајте.

0515_couple-cuddling-in-bed_sm

4. Повеќе слободно место

Само размислете: ако го тргнете телевизорот ќе имате простор што може да го искористите за нешто друго. Ова особено е важно за малите спални.

5. Помалку прашина

Прашината особено не е пожелна во спалната соба затоа што го попречува дишењето. Без неа ќе спиете помирно и поздраво.

another-bedroom-view

6. Повеќе време за читање

Ако не можете да гледате ТВ, следното нешто што е најдобро да го направите е да прочитате книга. Кога читате, очите се уморуваат побрзо и заспивате, што е одлично по напорен ден.

7. Заштедувате пари и струја

Можеби не сте го земале ова предвид, но телевизорот троши многу енергија особено ако остане вклучен цела ноќ.

Watching-TV-in-Bed

8. Повеќе време за реалните проблеми

Гледањето телевизија може да ве натера да заборавите на реалните проблеми, но тие нема да исчезнат туку така. Наместо навечер да гледате телевизија, размислете како да решите некој проблем.

9. Пореален поглед на животот

Телевизијата создава нереаленна слика за животот и многу често сме разочарани ако не ни се случува нешто што сме го гледаме на телевизија. Фокусирајте се на реалниот живот.

10. Се спремате побрзо

Ако првата работа што ја правите кога ќе станете од спиење е вклучување на телевизорот, тогаш немате време брзо да се спремите. Ви го одвлекува вниманието и секогаш доцните.

- Реклама -