Додека полека лебди над океанското дно, робот-подморницата Нереус има задача да ја снима површината и контурата на дното, а потоа снимките преку оптички кабел да ги праќа назад на бродот, каде истражувачката екипа со нетрпение чека да ги проучи. После десет изминати саати на длабочина од десет километри, подморницата се враќа назад со цел куп примероци земени од мрачните длабочини.
Додека полека лебди над океанското дно, робот-подморницата Нереус има задача да ја снима површината и контурата на дното, а потоа снимките преку оптички кабел да ги праќа назад на бродот, каде истражувачката екипа со нетрпение чека да ги проучи. После десет изминати саати на длабочина од десет километри, подморницата се враќа назад со цел куп примероци земени од мрачните длабочини.
Не, не е во прашање сцена од некој научнофантастичен филм, туку така изгледа еден работен ден на истражувачката екипа Woods Hole Oceanographic Institution (WHOI) која ја направи оваа единствена подморница и ја нарече Нереус по еден од грчките богови. Со спуштањето на 10км длабочина Нереус стана првата подморница која се спуштила до овие длабочини, а трета која се спуштила до браздите „Маријана“ сместени во западниот дел на Тихиот Океан, кој пак досега е многу малку истражен.
Подморницата тешка три тони и долга четири и пол метри нема посада, со неа далечински управува бродот на кој е сместен цел тим научници и инженери. Нереус, која ја движат 4000 литиумски јонски батерии е направена да издржи притисок илјада пати поголем од оној кој го трпи површината на нашата планета додека ротира околу нејзината оска. Со главниот брод е поврзана преку оптички кабел со пречник колку влакно од коса.
Браздите Маријана на дното на океанот се дел од областа позната и како Пацифички огнен прстен која се простира на 65 000 километри квадратни, каде се наоѓаат и вулкански ерупции и земјотреси. Ова е место каде се судираат две тектонски плочи и каде големата Пацифичка плоча и подлежи на плочата на Маријана. Примероците од океанското дно се од голема важност затоа што научниците очекуваат да дознаат повеќе околу поместувањето на тие плочи кои предизвикуваат земјотреси.
Тимот засега е задоволен од постигнатите резултати на подморницата и примероците кои таа успеала да ги изнесе на површината. Со помош на специјалните автоматизирани „раце“ со чија помош Нереус ги собира податоците од живиот свет и земјата на дното, работа ќе имаат и биолозите и геолозите.
Досега единствени две подморници кои успеале да се спуштат на длабочините на оваа област се Трист, батискаф на американската морнарица, кој во 1960 година го спуштиле Жак Пикар и Дон Волш, а подоцна и јапонскиот робот Каико кој три пати патувал до дното. Меѓутоа, батискафот веќе не се користи, додека пак Јапонците роботот го изгубиле некаде во океанот во 2003 година во текот на една експедиција.