Научниците во Индија развиле контрацептивно средство за мажи што е 100 проценти ефикасно и делува 10 години. Доколку во некој миг се премислите, дејството може да се поништи, со една инјекција.
Инјекцијата наречена RISUG (Reversible Inhibition of Sperm Under Guidance) функционира 10 години кај пациентите на кои ќе им биде вбризгана и не предизвикува никакви нус-појави. Инјекцијата содржи нетоксичен полимер со позитивен полнеж што ги спречува сперматозоидите да оплодат јајце клетка. Доколку во периодот од 10 години мажот се премисли и посака да има деца, тогаш дејството може да се поништи со друга инјекција.
Во моментов, ова контрацептивно средство е во последната фаза од тестирање и се очекува за многу кусо време да стане достапно за пошироката јавност. Повеќе детали за RISUG можете да прочитате овде.