10 знаци дека се претворате во својата мајка

Проверете дали најголемиот кошмар на девојките ве стигнал и вас.

 

Порано или подоцна, секоја девојка пораснува и сфаќа дека нејзината мајка била во право кога ја советувала дека треба да чисти, уредува, и да бира со кого ќе биде во врска. Еве кои се првите показатели дека се претворате во својата сакана мајка.

1. (За мажените) Почнувате на своите деца да им кажувате работи како: „Баш ми е гајле што не е фер“, или „Затоа што јас така велам“. Сфаќате дека речениците кои ве полудувале во детството, почнуваат да имаат смисла.

2. Се обидувате да играте „кул“ околу студентките на обука на вашата работа. Не знаете зошто чудно ве гледале, па зарем луѓето не велат повеќе „излади“?

3. Потребно ви е многу време да излезете од станот. Дури и кога ја заклучувате влезната врата се прашувате дали сте ја исклучиле пеглата од струја.

4. Не се снаоѓате најдобро со новите технологии. Како се вклучува овој таблет?

5. „Си земате при срце“ кога продавачите во маркетот не ве поздравуваат, или се однесуваат безобразно кон вас.

6. Сте сфатиле дека телевизиските сапуници се поквалитетни отколку првично сте мислеле, да домашната забавна програма е навистина смешна.

7. Не одите во купување на намирници без претходно внимателно составен список.

8. Повеќе не сте заинтересирани за топ листата на популарната музика и редовно ги замолувате пријателите да го намалат тонот на радиото.

9. Не излегувате од дома без претходно да ја ставите секоја работа на свое место. Премногу пари сте дале за тие панталони да стојат преку столот.

10. Сфаќате дека вашата мајка била во право цело време: кратките маици до папокот се навистина глупав избор за вертровито и ладно време, пластичните кеси секогаш ќе се најдат во чанта, а „лошите момчиња“ на моторите навистина ќе ви го скршат срцето.

- Реклама -