10 знаци дека огласот за работа е лажен

Од рекламата некоја работна позиција ви изгледа како бајка. Се работи за вашата област на експертиза, неверојатно добра плата, а може да работите и од дома. Но ништо не е идеално. За секоја работна позиција постирана онлајн многу од нив се и лажни со цел да ве примамат со одличната заработка. Ние ви даваме совети како да читате меѓу редови и да откриете дека работата за која сакате да аплицирате е лажна.

scam-300x300

Не е потребно искуство

Дури и ако сте штотуку дипломиан, сепак треба да имате некој вид на работно исксутво или практична работа за да се вработите. Бидете претпазливи со огласите дека секој може да ја изврши работата, бидејќи да бидеме искрени не секој може да извршува било каква работа.

Платата е премногу висока

Сте биле без работа извесно време, па така кога ќе прочитате оглас за работа со наведена плата веднаш се возбудувате. Но пред да почнете да сонувате што ќе правите со толку пари испитајте малку за да видите всушност колку е реалната плата за таа позиција генерално. Измамниците секогаш постираат превисока плата.

employment-scam-300x200

Мора да ја дадете вашата банкарска сметка

Компанија сака да ви понуди работа, но вие морате да го направите процесот на трансакција за нив. Тоа нема никаква смисла, доколку вие барате работа како ботаничар, а не банкар.

Понудена ви е работа на лице место

Знаете дека сте квалификуван кандидат, но дали менаџерот за човечки ресурси го знае тоа? Да се вработи канидат без да се види, укажува дека тоа е лажна работа. Вистинските работодавачи прават истражување за да го испитаат потенцијалниот вработен поминувајќи низ повеќе фази на интервјуирање, пред да понудат работа.

Добивате емајл од не-бизнис адреса

Вистинските работдавачи ќе го имаат името на компанијата на крајот на нивната емајл адреса. Кога потенцијалниот шеф ве контактира на AOL, Gmail, Hotmail или од друга адреса, на која не е наведено иемто на компанијата, бидете свесни дека работата е лажна.

jobScams_fs-283x300

Се бара од вас да имате интервју преку иснтант пораки

Се разбира дека ние живееме во технолошки управуван свет, но денес интервјуата за работа сеуште се прават во живо или преку Skype или преку телефон. Кога регрутерот сака да правите интервју преку истант пораки, голема е веројатноста дека е измамник.

Ќе бидете прашувани за лични информации

Конечно понудена ви е работа, но ви се бара да доставите лични информации за вас, како на пример кој ви е социјалниот безбедносен број, вашата банкарска сметка. Вистински шеф би ви дал неколку причини зошто му се потребни овие податоци, но кај измамниците нема вистинска причина да ве прашуваат за личните финансиски податоци.

Огласот за работа е лошо запишан

Сте забележале неколку грешки во пријавата. Но потоа гледате некои нелогичности во описот на работа. Кога еден оглас се чита исто како да е преведен може да се обложите дека е лага.

Ве контактираат во чудно време

Бизнис светот оперира 24/7. Но менаџерите кои ги избираат кадрите не. Па така ако добивате емејлови во 2 часот на полноќ од потенцијален работодавач бидете претпазливи. Доколку се работи за вистинска компанија ќе ви биде испратено емејл во нормално работно време.

Ќе мора да плаќате за работата

Тактичните измамници кои нудат работа бараат ќеш од лицето кое бара работа за да се вработи. Запомнете никогаш не треба да платите за да дојдете до работа.

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -