Несомнено, Алберт Ајнштајн е еден од најголемите умови на сите времиња. Но, колку што човештвото има полза од неговата работа во областа на физиката, толку, а можеби и повеќе може да ползува од неговата животна мудрост. Следуваат десетте најдобри животни лекции што можат да се научат од Алберт Ајнштајн.
Несомнено, Алберт Ајнштајн е еден од најголемите умови на сите времиња. Но, колку што човештвото има полза од неговата работа во областа на физиката, толку, а можеби и повеќе може да ползува од неговата животна мудрост. Следуваат десетте најдобри животни лекции што можат да се научат од Алберт Ајнштајн.
1. Следете ја љубопитноста
Немам посебен талент, само сум страстно љубопитен.
Што ве прави љубопитни? Тоа е разликата меѓу оние што успеваат и оние што не успеваат. Најдете го нештот за што сте најљубопитни. А потоа следете ја љубопитноста до успехот.
2. Упорноста е бесценета
Не дека сум особено паметен, само што подолго се задржувам на проблемите.
Со упорност, желката го победила зајакот. Подготвени ли сте да бидете упорни додека не стигнете до целта? Велат дека вредноста на поштенската марка лежи во тоа што таа го придружува пратеното сѐ додека не пристигне до дестинацијата. Бидете како марката (а и како желката) и завршувајте ги трките што ги започнувате.
3. Фокусирајте се на сегеашноста
Секој што може да вози безбедно додека бакнува убава девојка, не му го посветува на бакнежот заслуженото внимание.
Не можете да седите на 2 столчиња. Можете да сторите што било, но не сѐ. Научете да бидете присутни каде што сте; целосно да се посветите на тоа што го правите во моментот. Фокусираната енергија е моќ, а тоа е разликата меѓу успехот и неуспехот.
4. Имагинацијата е моќна
Имагинацијата е сѐ. Таа е најава за животните настани кои следат. Имагинацијата е поважана од знаењето.
Дали секојдневно ја користите имагинацијата? Вистинскиот знак за интелигенцијата не е знаењето, туку степенот на имагинација што го има една личност. Вежбајте ја колку што можете почесто.
5. Правете грешки
Оној што никој не направил грешка, никогаш не се обидел ништо да направи.
Не се плашете од грешки. Грешките не значат неуспех. Грешките можат да ве направат посилни, поумни и побрзи, доколку ги извлечете вистинските лекции од нив.
6. Живејте во моментот
Никогаш не размислувам за иднината – таа набрзо доаѓа.
Единствен начин да ја изградите иднината е да бидете колку што можете поприсутни во сегашноста. Никогаш нема да можете да ги промените ниту вчера, ниту утре, затоа сите напори треба да ви се насочени кон денес. Тоа е единственото време врз кое имате влијание, зашто тоа е единственото време кое постои.
7. Создавајте вредности
Не се стремете кон успех, туку кон вредност.
Не си го трошете времето обидувајќи се да станете успешни. Трудете се да создадете вредност. Ако вредите, тогаш ќе го привлечете успехот. Најдете ги вашите дарби и таленти и работете на нив. Кога ќе станете доволно вредни, успехот ќе ве пронајде.
8. Не очекувајте поинакви резултати
Лудило: Правење на истото нешто, одново и одново и очекување на различни резултати.
Не можете да го правите истото нешто постојано, а да очекувате исходот да се промени. Ако вежбате исто, не можете да очекувате да ви се промени изгледот. Ако сакате поинаков резултат, треба да ги промените параметрите на експериментот.
9. Искуството е извор на знаењето
Информациите не се знаење. Знаењето доаѓа од искуството.
Можете да дискутирате за некоја задача до недоглед, но тоа ќе ви даде само филозофско разбирање за проблематиката. За вистински да се запознаете со задачата, мора да ја искусите. Не се кријте зад шпекулации, излезете и тестирајте ги своите теории.
10. Научете ги правилата и потоа играјте подобро
Прво мора да ги научите правилата на играта. Потоа треба да играте подобро од сите.
Едноставно, прво мора да знаете со што се соочувате. Тоа значи дека мора да сте запознаени со сите правила. Откако ќе ги совладате, мора да се посветите на играта и да го правите тоа подобро од сите. Тоа е најдобриот пат до успехот.