10 технологии што би можеле да го поробат човештвото

Технологијата се усовршува веќе речиси и на дневна база, а покрај многуте добивки, постојат и многу ризици. Особено ако сите овие технологии се здружат и работат заедно:

ДРОНОВИ

Департментот за одбрана на САД, планира да произведе дронови опремени со хемиски оружја и смарт-технологија. Независни од човечка асистенција, тие ќе бидат способни да гонат во „јато“ и да се уриваат во зацртаните цели.

ИНТЕРФЕЈС ЗА МЕЃУМОЗОЧНА КОМУНИКАЦИЈА

Експериментите покажуваат дека е можно еден човек да контролира друг преку Интернет. Научникот што ги извере успеа да испрати сигнал што го помрдна прстот на неговиот колега, кој во моментот беше сместен на другиот крај од кампусот.

MALWARE – ИНВАЗИВЕН СОФТВЕР

Постојат еден куп вируси, црви и тројанци – способни да ја прекинат комуникацијата или пак да ги контролираат компјутерите. На пример, Stuxnet – вирус кој беше инфилтриран и ги саботираше Иранските нуклеарни објекти во 2010.

ГЛОБАЛЕН СИСТЕМ ЗА ПОЗИЦИОНИРАЊЕ – GPS

Го поседува владата на САД, а го користи армијата за да обележи и укаже на таргет-локации. Некои земји, како Русија, веруваат дека САД можат да испратат лажни информации до армиите на другите земји.

ОПТОГЕНЕТИКА

Научниците случајно пронајдоа начин да запрат, но и да предизвикаат болка, преку разни нијанси на светло. Исто така, можат да ги направат неуроните во мозокот чувствителни на светло и да ги контролираат со светлосен пулс. На овој начин, успешно беше предизвикана мускулна активност кај експериментални глувци.

МИКРОЧИПОВИ

Веќе се во употреба чипови кои ја содржат медицинското досие на личноста што ги носи. Во иднина се очекува да се користат за безпарично плаќање, но исто така можат и да се користат за следење. А можат и да бидат хакнати.

УЛТРАЗВУК И КОНТРОЛА НА УМОТ

Научниците веќе некое време испраќаат ултразвучни пулсови во мозокот. Потенцијални импликации се контрола на умот и имплантирање на вештачки спомени.

НАНОТЕХНОЛОГИЈА

Во подем е развојот на минијатурната технологија, која е развиена со цел да изградба на објекти на молекуларно ниво. Едно од можните сценарија е таканареченото „gray goo“ – каде нанороботите се самореплицираат целосно независно од човечка контрола и ја конзумираат сета материја на Земјата заради потребите на саморепликација. Уште се нарекува и екофагија.

ЕГЗОСКЕЛЕТИ

Веќе се развиени роботски костуми што се контролирани од нервни сигнали, создадени да им помогнат на луѓето со инвалидитет. Армијата на САД склучи договор со компанија Lockheed Martin за производство на слични егзоскелети.

ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

RoboEarth е еден вид на „социјална“ мрежа каде роботите споделуваат искуства и се стекнуваат со нови знаења и информации. Се очекува да се појави во периодот од 2017-та до 2112-та година, и се смета за почеток на ерата на „единството“ (Singularity), кога вештачката интелигенција ќе ја надмине човековата.

- Реклама -