Секоја мистерија носи шпекулации. Еве неколку од нив кои до денешен ден останаа нерешени. Сите знаеме дека исчеснувањето на авионите се една од поголемите категории на нерешените мистерии.
Подолу листа на 10-те авиони кои исчезнаа мистериозно. Ни трага ни глас…
10.
Авионот на Амелиа Ирхарт
Девојкава исчезнува некаде на средината на Тихиот океан и никогаш не се пронајдени авионот и телото.
9.
Лет 19
Една од најпрочуените мистерии, Флајт 19 исчезнува за време на Втората светска војна во близина на Бермудскиот триаголник.
8.
Украдениот Боинг 727-223 Ангола
Една од теориите е дека пилотот и ко-пилотот се киднапирани, а авионот е „украден“ на самото полетување. Авионот и киднаперите никогаш не се пронајдени.
7.
Стар Ариел и Стар Тајгер
Двата авиона исчезнуваат во 1948 година, во близина на Бермутскиот триаголник, со ова, мистеријата за Бермудскиот триаголник се разгорува уште повеќе.
6.
Лет „Летечки тигар“ 739
На авионот имало 96 војници од американската армија кои патувале од Калифорнија кон Виетнам. Полнеле гориво во Гуам, па слетале на Филипини. По полетувањето од Филипините, од авионот нема ни трага ни глас. Пребарани се 200,000 квадратни милји, но залудно.
5.
Лет 370 – Малезија Ерлајнс
МХ 370 на Малезија ерлајнс. Авионот исчезнува на 8 Март оваа година. Премногу е тешко да се најдат деловите од авионот во вода.
4.
Авионот на Глен Милер
Авионот исчезнува на 15 Декември 1944. Се тврди дека „заглавил“ во невреме.
3.
Вариг Боинг 737
Бразилскиот авион кој тргнува од Рио пренесувал уметнички дела вредни милиони долари. Останува мистерија, дали се работи за грабеж од страна на екипажот или авионска несреќа.
2.
Мекдоналд Даглас ДЦ-4 Канадиан Пацифик Ерлајнс
На 21 Јули 1951 година авионот летал од Токио кон Ванкувер. Се тврди дека е погоден од невреме. Остатоците од авионот, екипажот составен од 6 членови и 31 патник никогаш не се пронајдени.
1.
Пад во езерот Мичиген 1950
Во 1950 година авионот кој се обраќа на релација Њу Јорк – Минесота се урива во
езерото Мичиген кое е огромно колку океан. Никогаш не се пронајдени остатоците, ниту 58-те патници кои ги пренесува авионот.