10 срамежливи секс прашања… и одговори

Не е срамота да не знаеш, срамота е да не прашаш. Ама на многумина им е срам и да прашаат:

1. Можете ли да ослабете од секс? Во текот на сексот се трошат околу 300 калории на час, што значи дека морате да имате 30-минутен секс 2 пати во неделата, за да ослабете дури 2 кила за една година.

2. Што е тоа „женски ејакулат“? Тоа е течноста што се ослободува при стимулација на Г-точката.

3. Ако мажот не ејакулира, значи ли дека не доживеал оргазам? Ејакулацијата и оргазмот не се иста работа. Ејакулацијата е исфрлање на семето, а оргазмот е грчење на мускулите. Заклучок: не мора да значи, но најчесто, отсутвото на ејакулација значи и отсуство на оргазам.

4. Зошто малите грубости во сексот воопшто не болат? Во текот на сексот, во организмот се ослободува „хормонот на среќата“ – ендорфин, кој патем го инхибира и чувството на болка.

5. Може ли спермата да делува како антидепресив? Истражувањата докажуваат дека може – машкиот ејакулат содржи хормон кој го подобрува расположението, но со многу слаб ефект.

6. Колку е должината на најкраткиот пенис на светот? Половина сантиметар. Ауч…

7. Има ли големината на стапалото било каква врска со големината на пенисот? Нема, како што немаат ни висината, должината на прстите или пак големината на носот.

8. Зошто во текот на сексот знае да не заболи глава? Виновникот е притисокот во вратните мускули. Правилното дишење може да го спречи ова.

9. Може ли температурата во просторијата да влијае на оргазмот? Може. Високата температура го покачува и крвниот притисок, па полесно стигнувате до врвот на уживањето.

10. Мажите се највозбудени наутро. А жените? Мажите имаат дневни, а жените месечни циклуси. 10 до 15 дена по првиот ден од циклусот, почнува периодот на плодни денови, во кои женското возбудување е најсилно.

- Реклама -