10 совети за подобар сексуален живот

Повеќето луѓе се жедни за исполнет сексуален живот, но во исто време не ги поставуваат добро приоритетите и не им говорат за тоа на своите партнери.

Еве неколку совети на психотерапевтката Џојс Мартер по прашањето:

1. Смирете го умот и размислете како гледате на сексуалниот живот.

2. Протерате ги сите  негативни мисли и убедувања, кои што предизвикуваат страв, чувство на вина или пак срам. Заменете ги со мисли од типот „Јас сум сексуално суштество и заслужувам сексуално задоволство”.

3. Пронајдете ги проблемите кои што мислите дека му пречат на сексуалниот живот.

4. Составете план за решавање на овие проблеми (на пример да поразговарате со вашиот гинеколог за лошите ефекти на препишаните  лекови, заминете на фитнес)

 

5. Бидејќи многу луѓе се исклучително фокусирани на своите мисли, потрудете се да се фокусирате повеќе на вашето тело со помош на физички вежби, истегнување, мускулно опуштање. Со текот на времето тоа ќе влијае добро на вашата сексуалност.

6. Заборавете на физичката несовршеност и концентрирајте се на чувствителноста. Избегнувајте ги медиумите кои што пишуваат за недостатоците на човечкото тело.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

7. Соберете храброст и поразговарајте со партнерот за своите сексуални чувства, потреби и желби. Бидете директни и искрени. Замолете го партнерот и тој да биде отворен по тоа прашање. Прашајте го какви желби има.

8. Користете повеќе „јас”, наместо „ти”, за да не звучат вашите желби, како побарувања. (На пример, „јас сакам повеќе орален секс”, а не „ти никогаш не ми го овозможуваш”). Сексуалното општење мора да почива на правилото “три во едно” – на еден негативен заклучок да има три позитивни (на пример, ми се допаѓа кога го правиш тоа, тоа и тоа, но не сум пресреќен од ова).

9. Не си ја удирајте главата в ѕид и не чекајте со недели, месеци и години можност да го известите партнерот дека не сте задоволни сексуално. Работете свесно врз подобрување на сексуалните односи.

10. Комуницирајте со вашиот партнер преку музика, уметност, танц, поезија, природа, храна и други општи сензуални искуства кои што даваат тон на односите  и интимноста. Бидете подготвени за ново искуство и зборувајте за тоа отворено, без осуда.

- Реклама -