10 совети за подобар секс

Во долгите врски лесно е да западнете во рутина. Иако се чувствувате комфорно, во долгите врски партнерите често ја губат желбата за секс. Еве неколку совети како да ја вратите искрата која недостасува.

Флертувајте

Навикнете се на испраќање секс сигнали еден на друг секој ден. Зборувајте му за својата секси долна облека и за безобразни работи кои би ги правеле еден на друг на крајот на денот.

Направете секси атмосфера

Иако звучи како клише, не ја потценувајте моќта на изгасеното светло во собата и неколку запалени свеќи. Погрижете се вашата соба да „мириса на секс“, исфрлете ги плишаните мечиња и изгасете го телевизорот.

Бакнувајте се

Двојките кои се во долга врска го запоставуваат бакнувањето, но немојте да го дозволите тоа. Понекогаш страсниот бакнеж може да ја оживее играта.

Изненадете го партнерот

Не облекувајте долен веш или облечете секси долна облека под тренерките. Тоа сигурно нема да го очекува.

Гледајте филм заедно

Не мора нужно да биде порно филм, но секако одберете некој со љубовни сцени, сигурно ќе ве поттикне на акција.

Играјте „игри за возрасни“

Ви предлагаме да пробате карти, но во соблекување!

Откријте нови пози

Барем еднаш неделно вклучете ја фантазијта и смислете нови пози. Ако немате волја за нешто такво, секогаш ја имате „Камасутра“ на располагање со преку 60 различни пози.

Споделете ги фантазиите со партнерот

Малите улоги може да бидат интересни и не мора да бидат сведени само во спалната соба. Забавата почнете ја и пред да стигнете дома, на пример може да се преправате дека само што сте се запознале и седнете на пијачка како да ви е прв состанок.

Излезете од дома

Пробајте секс на сосема неочекувано место. Тоа сигурно ќе ве запали, но пазете да не ве фатат.

За да бидете убави, мора и така да се чувствувате

Неможе да имате добар секс доколку не се чувствувате доволно секси. Поради тоа, разбудете ја сексипилноста и самоувереноста.

- Реклама -