10 совети за добар сон

Сон Повеќе фактори влијаат на тоа дали добро ќе се наспиете. Избегнувањето на кафето е еден од очигледните, но постојат и некои што можеби ќе ве изненадат.


Повеќе фактори влијаат на тоа дали добро ќе се наспиете. Избегнувањето
на кафето е еден од очигледните, но постојат и некои што можеби ќе ве
изненадат.

Сон
1. Вежбајте секој ден (или речиси секој ден), дури и доколку сте во можност само да отидете на прошетка.

2. Избегнувајте кофеин по 18:00 часот!

3. Еден час пред времето кое ви е планирано за легнување, избегнувајте работи кои бараат од вас висока концентрација. Можете да адресирате коверти, но одбегнувајте темелни анализи.

4. Благо намалете ја температурата во собата во која спиете.

5. Гледајте спалната да ви е колку што е можно потемна. Истражувањата покажаа оти и светлото од дигитален часовник има потенцијал да го наруши сонот. Затоа, прекријте ги сите мали светилки од компјутерите, модемите итн.

6. Одржувајте ја спалната уредна. Не е воопшто пријатно да се пробивате низ барикади пред одморот.

7. Доколку не можете да заспиете, дишете длабоко, сè додека не ви здодее.

8. Ако сте вознемирени или возбудени заради нешто (патување, средба со некого, исчекување на медицинска дијагноза) запишете го тоа што ве мачи. Во најголемиот дел од случаите, оваа техника помага.

9. Премачкајте се со лосион. Ова ќе делува релаксирачки, а ако не можете да заспиете зашто ви е топло, лосионот ќе ве излади доволно.

10. Доколку ви студи на стапалата, облечете чорапи.

- Реклама -