10 Reasons To Exist – новиот албум на U2

10 Reasons To Exist е работниот наслов на тринаесеттиот албум на ирскиот рок бенд U2.

Групата со месеци работи на новиот албум, а неговото име најверојатно е инспирирано од  36-годишното  постоење на бендот.

Фронтменот Боно, кој запре со работа во декември поради грип, рече:

“U2 се враќа во навистина добра кондиција. Го нарекуваме албумот 10 Reasons To Exist, но јас ќе ви кажам дека имаме најмалку шест од нив“.

bono_1695579b

Боно помина голем дел од минатата година во луксузни патувања со своето семејство. Можеби тоа е една од десетте причини? Тоа и Гинис.

 

- Реклама -