Во животот на секој татко доаѓа време кога тој треба соодветно да го едуцира својот син за работите кои нема да ги научи во школо. Еве неколку лекции кои ќе ги поштедат татковците од тоа сами да смислат начин како да ги воведат своите синови во светот на машкоста, а за синовите ова нека биде корисен водич за тоа како да бидат вистински мажи.
Во животот на секој татко доаѓа време кога тој треба соодветно да го едуцира својот син за работите кои нема да ги научи во школо. Еве неколку лекции кои ќе ги поштедат татковците од тоа сами да смислат начин како да ги воведат своите синови во светот на машкоста, а за синовите ова нека биде корисен водич за тоа како да бидат вистински мажи.
Најпрво, треба да се каже, дека никогаш не треба да се тепаш СО жена, освен ако не е борг кралица или група од повеќе од 10 бидбилдерки. Исто така, еден маж не треба никогаш да се тепа со друг маж заради припадничка од спротивниот пол. Само несигурни горила се тепаат заради жена. Животот е краток и Мајката Природа создава нова, секси жена секој ден. Меѓутоа, правилно е мажот да се тепа во корист на жената, доколку се работи за напад од зомби, франкенштајни или чакнорисовци.
Маж со букет цвеќе во раката не е кастриран евнух, тој е вистински маж. Кога ќе се разминеш со некој таков, кимни со главата во знак на разбирање и одобрување. Тој ја извршува својата должност, и во овој живот, мажот често знае да оплеска, па да прави нешто што порадо не би правел. Цвеќињата прават речиси сè да биде подобро (нешта каде цвеќињата не помагаат: неверност, прегазување со автомоби, да изгубиш многу пари на спортска). Па ако оплескаш (што е нормално зошто оплескувањето е машка привилегија) – купи цвеќиња.
Навистина, пицата е измислена за мажите самци да не умрат од глад. Но потребно е да се знае како да нахраниш некого кога има потреба за тоа. Сега, се подразбира дека секој маж треба да знае да направи скара. Но во некои крајно посакувани околности, кога жената го краси твојот кревет следното утро, треба да знаеш да изматиш јајаца. Скрши три или четири, додај сол и бибер, стави зејтин во тава и пробај да не ги изгориш. Воала. Таа повторно ќе ти се врати, доколку нема состанок со Салмонела следниот ден.
Кога пријателот добива отказ, утеши го со пиво заради две причини. Прво, тоа е фина работа што можеш да ја направиш. Второ, тоа е долгорочна инвестиција за твојата иднина. Кариерите одат нагоре и надолу, а да се мисли дека не е така е наивно. Купи му на другарот пиво кога не му е добро, и тој ќе се сети на тоа следниот пат кога ти ќе добиеш клоца. И доколку не е невработен заради што е хомофоб, нарколептик или под некаква истрага за убиство, еден ден ќе се избори за подобро работно место и ќе се сети на времето кога ти му даде утеха, а другите луѓе не сакаа ни да му одговорат на повиците.
Има два типа на мажи на овој свет: оние кои ќе ти забодат ниж во грбот и оние кои ти ќе го направат тоа во лице. Доколку ситуацијата бара ти да бидеш еден од овие два типа, зошто тоа се случува во светот на бизнисот понекогаш, направи му го тоа на колегата во лице. Тоа е чесно во одредена мера. А ако ти си тој кој е забоден во грб, никогаш не дозволувај типот што ти го направил тоа да те види налутен. Ракувај се и насмеј се. Кимни со главата. Стисни ги забите и повлечи се. Биди трпелив. Ќе си го добијат своето еден ден. Ти си тој кој ќе им го пружи тоа.
Некои зборуваат премногу, секогаш во погрешно време. Да се знае кога да се замолчи е доблест. Кога ќе ја затвори устата, мажот може да ја процени ситуацијата и да направи стратегија за предизвиците кои следат. Тоа е уште една форма на самоконтрола која ги одделува мажите од саркастичните, брбливи надувани хипици.
Сокчиња на плажа се ок, џин и тоник може да биде освежувачки начин да се заврши долгиот ден со пријателите. Сокче од боровница е здраво за крвта, па оттаму е практично. Но во име на Зевс, Марс и другите богови, треба да знаеш да испиеш чаша виски на екс без да се давиш, плачеш и да ја треснеш тупаницата од шанкот. Алкохолот не треба да биде вкусен. Тој треба да те опијани. Има функција, и време е да почнеш да и оддаваш почит на таа функција.
Ролната лепило е чудо на науката рамно на пеницилинот, микробрановите печки, пуканките и тркалото. Секогаш имај една под седиштето на автомобилот и во бањата. Може да направи речиси сè: да поправи цевка, седиште од кола, да ти послужи во случај на апокалипса. Ролната лепило е едно до најголемите достигнувања на цивилизацијата, изум на кој постојано можеш да му наоѓаш нова намена. А тоа ќе го правиш секој ден.
Нема некоја особена причина зошто мажот треба да мавта со рацете и да се движи како испотен мајмун кој доживува срцев удар. Сепак, нема ништо покукавичко од маж кој одбива да биде одвлечкан на подиумот од неговата жена. Мажите оделе во војни. Да скокаш и мавташ како орел за да ја задоволиш твојата дама не е е ништо во споредба со тоа. Не знаеш да играш? Па што! На Мажот не му е гајле што мислат другите луѓе. Тој игра како никој да не гледа.