Животот е премногу краток за да останете цел ден пред компјутер и да читате за искуствата на останатите. Поради тоа ние ви нудиме листа на нешта кој што морате да ги направите пред да бидете премногу стари за тоа. Некои се релативно опасни и ризични, но како што рековме – животот е премногу краток!
Животот е премногу краток за да останете цел ден пред компјутер и да читате за искуствата на останатите. Поради тоа ние ви нудиме листа на нешта кој што морате да ги направите пред да бидете премногу стари за тоа. Некои се релативно опасни и ризични, но како што рековме – животот е премногу краток!
Кој не сака коктели? Има илијадници видови на ликери и алкохолни пијалоци наоколу кои што би ви помогнале да ја изразите вашата креативност. Само внимавајте, се што треба да набавите да биде пред 19:00 часот.
Придружи им се на Flash Mob
Flash Mob е моментално најинтересната група на луѓе, кои што изведуваат една невообичаена точка во исто време, најчесто на места каде што раздвиженоста е најголема. Оформени се во 2003 година во Manhattan, но можат да се најдат во сите големи градови низ светот. За илустрација, колку е атрактивна оваа група на луѓе погледнете го видеото на кое што 4000 луѓе играат во подземната железница во Лондон. Истиот момент потоа беше искористен за реклама на T-Mobile.
Оди на филмска премиера
Можеби за некој што живее во САД и не е некоја голема работа, бидејќи на секој чекор се случуваат премиери, но во места како Македонија, да се отиде на премиера (покрај тоа што 90% останатите таму се снобови кои ни отприлика не знаат што ќе гледаат) е голем предизвик. Едно е сигурно, секој септември за мали пари може да се присуствува на отворање на Фестивалот на филмската камера “Браќа Манаки“.
Направи графит
Многумина тоа и веќе го направиле, па за оние што сеуште не оставиле свој печат на некој ѕид, веднаш нека го направат тоа. Големо е задоволството потоа да се поминува пред тој ѕид. Најголемиот грев во вакви случаи е само тој дека ќе му изгубиме драгоцено време на тој што ќе треба да го бриши.
Избегај!
Кратко и јасно – оди во ресторан, јади колку што сакаш и потоа полека избегај. Запомни дека ова се прави еднаш во животот.
Летај со авион
Кога веќе банџи скокањето не е на нашата листа, авионот па и не е некоја страшна работа.
Изложи свое дело во уметничка галерија
21 век сме. Се може да биде уметност. Сведоци сме на секакви “уметнички дела“ за кои се фрлаат огромни сум на пари. И не мора да биде продадено, важно тоа се појавило во галерија.
Доколку имате потешкотии да ги убедите, оние што ја поседуваат галеријата, да изложат ваше дело, тогаш потрудете се “нелегално“ да го закачите или оставите покрај некој ѕид.
Отседете во скап хотел
За ова не мора да брзате. Важи и на 70 годишни. Само вие соберете пари.
Измислете нешто уникатно
Живееме во брзо општество во кое што изумите никнуваат на секој чекор. Немојте да се вадите со мислата дека “се е измислено“, бидејќи не е. Погледнете околу вас. Сигурно има нешто за кое што би помислиле “ех сега да имаше нешто како…“. Е, па тоа е тоа!