10 причини зошто да го сакате Роберт Патисон

1

Тој е познат, сексапилен и талентиран, а во исто време толку природен и непосреден. Главната и неоспорна причина зошто да се вљубите во Роберт Патисон е едноставна – тој повеќе од одлично ја одигра улогата на најромантичниот вампир на сите времиња. Кои се другите ?!

Сексуалноста

За улогата во психо- драмата „Космополис” Патисон од блед вампир се трансформира во стилски мачомен. Елегантниот костум и кратката фризура ни малку не одземаа од неговата сексуалност.

2

Искреноста

Тој не ги крие скелетите од минатото во најдалечиот шкаф и не се срами да признае дека како млад заработувал рекламирајки долна облека за мажи за азиска модна куќа.

Музикалноста

Патисон сонува за кариера на рок музичар и можно е, порано или подоцна, овој сон да го претвори во реализација. Дури тогаш ќе можете да го видите и во живо, не само на екраните.

4

Љубовта кон животните

Тој смета дека слоновите се најмудрите животни. Доказ за тоа е и неговата улога на циркуски ветеринар во „Вода за слонови”.

5

Романтичноста

Дури и сите информации за љубовната историја со Кристен Стујарт да се плод на медиумската фантазија, сепак убаво е да се верува во романтичните потези на неодоливиот Роберт.

8

Љубовта кон уметноста

Тој знае речиси се за шпанскиот сликар Салвадор Дали кого и го глумеше во биографскиот филм за него.

Добриот вкус

Тој ја обожава италијанската кујна во која се вљубил за време на снимањето на сагата „Самрак”.

9

Благородниот акцент во говорењето

Британецот зборува со аристократски акцент без оглед на отсуството на сина крв. Ова најверојатно е последица на неговото школување во престижното The Harrodian School во Лондон.

Преданоста

Џек Николсон е негов идол, па затоа филмот со неговата најдобра филмска улога „Лет над кукавичкото гнездo” го има гледано минимум пет пати.

10

Оригиналноста

Не е љубител на автомобили. И покрај тоа што во Лос Анџелес има неколку автомобили, во Лондон најчесто се вози со такси.

- Реклама -