10 причини зошто да јадете морков

Доколку сè уште не сте одлучиле дали во оброкот да го вклучите морковот, еве неколку, повеќе од добри причини за да го сторите тоа.

d755aacbb886a1ccb21bf1879a888b1a_400x400

1.Морковот е на прво место според застапеноста на бета каротенот, антиоксидансот што според благодатите што ги има, во организмот се претвора во витамин А кој го одржува здравјето и убавината на кожата.
2.Кога е во прашање доброто варење, морковот има големо влијание. Тој помага при создавањето на плунката и ги прибира есенцијалните минерали, витамините и ензимите што го подобруваат варењето. Со редовно косумирање на морковот можете да ја спречите појавата на гастритисот како и на многу други проблеми околу варењето.
3.Морковот е богат со алкални елементи што ја прочистуваат и ревитализираат крвта, а во исто време помага при постигнување на добра рамнотежа на киселините во организмот.


4.Калиумот е исто така еден од минералите содржани во морковот, а тој помага во врамнотежувањето на натриумот, што автоматски го регулира крвниот притисок.
5.Со внесот на морков ги неутрализираме бактериите во усната празнина и на тој начин ги заштитуваме забите.
6.Како прва помош кај исеченици и гребнатини можат да ви послужат облогите од изрендан морков.
7.Покрај ова, морковот содржи и фитонутриент, наречен фалкаринол, кој го поткрепува здравјето на дебелото црево и спречува појава на рак.
8.Овој зеленчук е многу корисен за регулирањето на шеќерот во крвта бидејќи содржи каротеноиди.

Прочитајте и:  Немате многу пријатели? Тоа е „социјално стареење“ и може да биде добро за вашето здравје

carrots
9.Кога е во прашање здравјето на срцето и на крвните садови и тука ни помага морковот кој поради впивателните влакна со кои изобилува има можност да го зголеми добриот а да го намали лошиот холестерол и на тој начин го превенира тромбот.
10.Ви препорачуваме што повеќе да јадете морков поради неговиот придонес за здравјето на очите, косата и ноктите, тој помага во процесот на детоксикацијата на организмот и обновувањето на клетките.

- Реклама -