10 причини кои ќе ве убедат да ја посетите Љубљана

Словенија е прекрасна земја која нуди волшебни места идеални за посета. Еве зошто Љубљана е едно од нив:

1. Зошто е прекрасна

Љубљана е мал но неверојатно симпатичен град. Стара архитектура, шарени куќарки, тесни улички и магични калдрми.

by-the-river-in-ljubljana_x960-600x400Ljubljana-Street-Scene-600x900Tivoli-Park-Ljubljana-600x400

2. Евтина е

Љубљана е еден од ретките градови во кои ќе го почувствувате оној староевропски дух, а сепак ќе можете без никаков проблем да си дозволите да седнете во кафуле или ресторан да јадете и да се напиете нешто, без премногу да се грижите за сметката.

Locals-in-Ljubljana-600x400Ljubljana-640-600x900

3. Идеална е доколку сте љубители на планинарење или уживање на плажа

Се што треба да направите е само да ја запалите колата и за помалку од еден час ќе бидете таму. Доколку се качите на замокот кој се наоѓа во центарот на градот ќе забележите колку блиску се наоѓаат планините, а во летните месеци италијанските плажи не се воопшто далеку. Доколку сакате да останете во Словенија, Пиран се наоѓа на еден и пол час возење од Љубљана.

View-of-Ljubljana-and-Mountains-from-top-of-castle-600x400

4. Улична уметност

Дефинитивно ја има во изобилие, и ја има насекаде. Ќе бидете изненадени од тоа колку уличната уметност е развиена во овој град. Доколку сте нејзин љубител, не пропуштајте да го посетите „боемското“ место Метелкова, особено за време на викендите.

Example-of-Ljubljana-Street-Art-600x415 Shoes-hanging-over-power-cables-in-Ljubljana-600x400laibach_-2638

5. Одлична храна!

Словенците користат прекрасни зачини при креирањето на оброците, а доколку веќе стигнете тука, задолжително пробајте го и словенскиот мед. Центарот на Љубљана е преполн со симпатични, автентични ресторанчиња кои нудат одлична традиционална храна.

Famous-Slovenian-Salt-Shop-in-Ljubljana-600x400 Restaurant-at-Ljubljana-Castle-600x400

6. „Винтиџ – шопинг“

Уште една необична карактеристика на главниот град на Словенија, е фактот што тука ќе можете да пронајдете огромен број на продавнички кои нудат стари, но прекрасни предмети и детали. Од облеки, до уметнички дела, Љубљана е рај за „винтиџ“ колекционерите.

vintage-shopping-in-ljubljana-vintage-clothes-accessories_x960-600x400vintage shopping in ljubljana - divas preloved vintage outfit_x960

7. Отворена кујна

Секој петок Љубљана нуди уличен маркет на храна за нејзините жители и туристите. Тука за одлична цена можете да пробате од разните традиционални јадења на словенската трпеза.

Eating-at-Open-Kitchen-in-Ljubljana-600x400 Open-Kitchen-Food-Market-in-Ljubljana-600x415

8. Фестивалски град

Од театарскиот фестивал „Ана Десетница“ па се до Љубљанскиот фестивал како и Љубљана џез фестивалот, обожавателите на културните збиднувања тука секогаш можат да пронајдат соодветен простор за забава.

dan le man with kids_x960 Gregory Porter, Križanke, 4.7.201455. jazz festival Ljubljana

9. Велосипедски град

Доколку се решите да го посетите овој град, ќе бидете изненадени од фактот колку помалку автомобили ќе забележите тука во однос на Скопје. Едноставно, жителите на Љубљана преферираат да се возат со велосипеди.

Bikes-Street-Art-600x900Cycling-in-Ljubljana-600x400

10. Овој град е одличен за викенд-посета

Се што треба да направите е да ја разгледате мапата и да си направите добар план. Доволни се два дена за да ги посетите сите најубави места во Љубљана, и да се заљубите во неа.

Map-of-Ljubljana-Photograph-600x400 By-the-river-600x400

- Реклама -