10 ПРИЧИНИ ДА НЕ ПАНИЧИТЕ ОКОЛУ КОРОНАВИРУС

Пандемија значи постојано пренесување на болеста, симултано, во повеќе од три различни географски региони – а не се однесува на сmртноста на вирусот. Се однесува на начинот на пренесување и географската распространетост.Она што сигурно го имаме е пандемија на страв.

Медиумите од цела планета се преокупирани со коронавирусот – точно е дека е оправдана грижата и масовното планирање за најлошо сценарио, и се разбира реперкусиите се селат од светско здравје во бизнис и политика, НО!

Истовремено е важно да не се паничи. Не дека коронавирусот е одлична вест (иако во еден бизарен пресврт и од одреден аспект може баш тоа да значи), ама постојат и причини за оптимизам – дека можеме да го контролираме и да го задржиме вирусот, а и да научиме нешто за во иднина.

1. Знаеме што е

Првите случаи на СИДА се откриени во јуни, 1981, а им требало повеќе од две години да го идентификуваат вирусот (ХИВ), што ја предизвикува болеста. Со КОВИД-19, првите сериозни случаи на пневмонија се пријавија во Кина, на 31-ви декември, а до 7-ми јануари, вирусот веќе беше идентификуван. Геномот беше достапен на 10-тиот ден.

Веќе знаеме дека се работи за нов коронавирус од група 2Б, од семејството на САРС, кој го викаме SARSCoV2. Болеста се вика КОВИД-19. Се смета дека е поврзана со коронавирус од лилјаци. Генетските анализи потврдуваат дека е нов и природен и дека (иако вирусите живеат со мутирање), стапката на мутирање може да не му е многу висока.

2. Знаеме како да го откриеме вирусот

Од 13-ти јануари, достапен е тест за детектирање на вирусот.

3. Ситуацијата во Кина се подобрува

Силната контрола и мерките на изолација кои ги наметна Кина почнуваат да се исплаќаат. Веќе неколку недели, бројот на дијагностицирани случаи се намалува. Детална епидемиолошка анализа се изведува во другите земји; ширењето го има само во одредени региони, и тоа дозволува полесно да се контролира.

4. 80% од случаите се со благи симптоми

Болеста нема симптоми, или е во блага форма во 81% од случаите. Се разбира, во 14% од случаите, може да предизвика сериозен случај на пневмонија, а во 5% од случаите може да биде критична, дури и фатална. Сѐ уште не се знае која ќе биде стапката на сmртност. Но, може да биде пониска од некои проценки кои наголемо се во оптек.

5. Луѓето се опоравуваат

Податоците се однесуваат на зголемувањето на бројот на потврдени случаи и бројот на сmртни случаи, но повеќето заразени се лечат. Има 13 пати повеќе излечени отколку мртви и оваа разлика е сѐ поголема.

6. Симптомите кај деца се благи

Само 3% од случаите се луѓе под 20 години, а сmртноста под 40 години е само 0.2% Симптомите се толку благи кај деца, што можат да поминат и незабележано.

7. Вирусот може буквално да се избрише

Вирусот може ефикасно да се отстрани од површини со раствор од етанол (62-71%), хидроген (0.5%) или содиум хипохлорит (0.1% белило) за само една минута. Честото миење раце со сапун и вода е најефикасен начин за избегнување зараза.

8. Науката му има влезено, на глобално ниво

Живееме во време на меѓународна научна соработка. После само еден месец, достапни се 164 статии за КОВИД19 и САРСКов2. Се работи на вакцини, третмани, епидемиологија, генетика и филогенија, дијагноза, клинички аспекти, итн.

Овие статии ги пишуваат некои 700 автори, од секаде низ светов – што е кооперативна наука, споделена и отворена. Во 2003 кога се појави САРС, требаше да помине повеќе од година, а добивме едвај половина од бројот на статиите што ги имаме за коронавирус.

9. Веќе има прототипи за вакцина

Нашата способност за дизајнирање нови вакцини е спектакуларна. Веќе има над осум проекти што бараат вакцина против новиот коронавирус. Има групи што работат на слични проекти за слични вируси.

Од универзитетот во Квинсленд, Австралија дојавија дека веќе работат на прототип на вакцина, со користење на нова технологија. Ова е само еден пример што може да овозможи производство на вакцини за рекордно време. Прототипите може наскоро да се тестираат на луѓе.

10. Во тек се антивирални испитувања

Вакцините се сепак превентива, а во моментов, лечењето на луѓето кои се веќе болни е многу важно. Веќе има над 80 клинички испитувања што анализираат третмани за коронавирус. Има антивирални средства што се користат за други инфекции кои се веќе одобрени и знаеме дека се безбедни.

Во 1918, пандемијата на грип предизвика 25 милиони сmртни случаи за помалку од 25 недели. Може ли сега да нѐ чека нешто слично? Веројатно не – никогаш порано не сме биле вака подготвени да се бориме со пандемија.

Извор

- Реклама -