10 причини да јадеме спанаќ

Пролетта е сезона на свежиот спанаќ, па нема подобро време да го вклучите во менито.

Овој зелен зеленчук има многу придобивки за организмот и сигурно нема да зажалите, доколку го јадете редовно.

1. Порција здравје

Со една чаша спанаќ добивате речиси 20% од препорачаната дневна доза влакна и дневното количество витамини А и К, од кои што вашето тело има потреба. Во прилог – магнезиум, манган , протеини, калциум , витамин C , витамин Е , цинк , калиум и селен.

2. Нискокалоричен

Во 100 гр. спанаќ има само 7 калории, што го прави совршен избор при почитување на исхраната.

3. Го намалува крвниот притисок

Спанаќот има висока содржина на магнезиум кој помага за намалување на крвниот притисок.

с2

4. Го зголемува имунитетот

Овој зеленчук го зајакнува имунолошкиот систем, бидејќи содржи витамин А, кој што е клучна компонента во одржувањето на добри нивоа на лимфоцити ( бели крвни клетки) , кои го штитат организмот од инфекции и болести.

5. Против ракот

Во спанаќот има десетина одделни флавоноидни соединенија, кои се борат против предавничката болест. Овие фитонутритиенти ги неутрализираат слободните радикали во телото.

6. За здрави очи

Општо земено, темниот лиснат зеленчук содржи неколку суштинско важни фитохемикалии, меѓу кои лутеин , кој помага при спречување на дегенерација на макулата ( оштетување на видот ). Спанаќот има висока содржина на бета каротин , кој е од голема корист за намалување на ризикот од развој на катаракта.

7. За здрава кожа

Витаминот А, кој се содржи во спанаќот, е корисен за задржување на влагата во епидермисот, што помага при кожни проблеми како псоријаза, акни и брчки. Исто така го забавува процесот на стареење и ја одржува кожата мека и еластична.

0167276001430999816_0

8. Полнење со енергија

Го зголемува нивото на енергија и го намалува заморот. Спанаќот е полн со железо, кој е од суштинско значење за производство на кислород . Освен тоа содржи липоична киселина, која помага на антиоксиданси како витамин Ц и Е да се регенерираат. Оваа киселина исто така го регулира нивото на шеќерот во крвта и така се спречува заморот во текот на денот.

9. Има анти-инфламаторен ефект

Неоксантинот, кој се наоѓаат во изобилство во спанаќот, игра важна улога во битката со воспаленијата. Секој што има болки во зглобовите, секако треба да се храни со овој зеленчук.

10. За здраво срце

Во спанаќот се содржи фолна киселина, која е докажано важен елемент за здрав кардиоваскуларен систем.

n1-650x325

Прочитај повеќе: Рецепт за ролат од спанаќ и јајца

- Реклама -