10 помалку познати факти за Адолф Хитлер

Неодамна поранешната слугинка на Адолф Хитлер – Елизабет Калхамер, раскажа пред австрискиот “Salzburger Nachrichten” за гастрономските преференции и за љубовта на диктаторот кон слаткото.
Прочитај повеќе: Помошничката на Хитлер проговори за неговите навики, досега непознати за јавноста

Еве уште 10 помалку познати факти за Адолф Хитлер.

1. На четири годишна возраст малиот Адолф бил спасен од давење од страна на свештеник.

2. Првата негова љубов била Еврејка, но поради недостаток на храброст тој никогаш не ја запросил.

3. Хитлер бил награден како ветеран од Првата светска војна. Тој добил “Железен крст” втор степен во 1914 година. Во 1918 година е награден и со “Железен крст” прв степен.

4. Хитлер никогаш не победил на слободни избори.

5. Во 1923 година, заради учество во бунт против владата, тој влегува во затвор, каде што пишува мемоари “Mein Kampf (Мојата борба)”.

6. Првата анти кампања за пушење цигари во поновата историја е спроведена од страна на Хитлер.

7. Диктаторот никогаш не посетил концентрационен логор.

8. Хитлер бил номиниран за Нобеловата награда за мир во 1939 година, од членовите на шведскиот парламент.

9. Омилениот композитор на на Хитлер бил Рихард Вагнер.

10. Хитлер планирал атентат врз Винстон Черчил со чоколадна бомба, но британските агенти го спречиле да ја оствари целта.

Прочитај повеќе:На гости кај Хитлер

- Реклама -